Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Симулациски вежби на АХВ за управување со жаришта на африканска чума кај свињите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Симулациски вежби на АХВ за управување со жаришта на африканска чума кај свињите
Агровести

Симулациски вежби на АХВ за управување со жаришта на африканска чума кај свињите

Последна измена: 30/01/2024 08:56
Сподели
1 мин. за читање
Сподели

 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведe две симулациски вежби „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација свињи”. Првата вежба ќе се одржи денеска и утре во Штип, а втората во четврток и петок  во Битола.

Како што соопшти АХВ, симулациските вежби се организираат со техничка и оперативна поддршка на проектот „Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храната“ финансиран од Европската Унија. 

-Не станува збор за реална ситуација односно активностите кои ќе бидат преземени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во деновите кога ќе се одржат симулациските вежби во Штип и во Битола се поврзани исклучиво со вежбата. Целта на вежбата е да се даде одговор при појава на африканска чума кај свињите, која е предмет на Плановите за итни мерки, информира АХВ.

На симулациските вежби ќе присуствуваат претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, претставници од Инспекторатот за ловство, Инспекторатот за животна средина, претставници од Министерството за животна средина, како и експерти од Европската Унија.

МИА

Може да ви се допадне

Акумулацијата „Стрежево“ подготвена за летната сезона, во тек акција за бесплатно вклучување во системот
Поради пожарот во Вардариште без струја 47 000 корисници во Скопје
Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови
Денес во просториите на МЗШВ се одржа јавна расправа за Предлог-законот за земјоделство и рурален развој
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
Таг:африканска чумаАХВжариштасвињитеСимулациски вежбиуправување
Претходен напис Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?