Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Симовски: Пад во индустријата и надворешната трговија, најголем пораст во земјоделието и градежништвото (ВИДЕО)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Симовски: Пад во индустријата и надворешната трговија, најголем пораст во земјоделието и градежништвото (ВИДЕО)
Агровести

Симовски: Пад во индустријата и надворешната трговија, најголем пораст во земјоделието и градежништвото (ВИДЕО)

Објавено 09/06/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2020 година е 0.2 индексни поени. Ова покажува дека имаме стагнација во првиот квартал.

-Значи главниот пад е во индустриското производство и надворешната трговија, додека најголем пораст има во земјоделието и градежништвото. Морам да напоменам дека нашата економија е поврзана со европската. Нашите извозни претпријатија се ориентирани највеќе во овој правец. Пандемијата во Европа стигна порано од што стигна кај нас. Ефектите драстично се почувствуваа особено кај нашите главни трговски партнери – Германија, Шпанија, Франција, Италија итн…

Таму е и најголемиот пад на размена со странство и тоа најповеќе се почувствува во дејностите поврзани со странските инвестиции во слободните развојни зони. Тие се директно поврзани со тој пазар и зависноста од побарувачката во автомобилската индустрија. Таму имаше пад и лани, а оваа година продолжи. Ако ги гледате податоците од индустриското производство ќе видите дека континуираниот раст кој го имавме минатата година, оваа година има многу мал, а во третиот месец и пад на индексот, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика.

Распишувањето на избори влијае на стагнација на бизнисите.

-Во Германија која што е наш стратешки партнер во првиот квартал има пад од 2,3 индексни поени, Франција е со пад од 5, Италија има пад од 5,4, Чека од 2, Белгија од 2,5 индексни поени. Пораст има во Ирска од 4,5 индексни поени, Полска од 1,7 и Бугарија од 2,4 индексни поени. Значи мал е бројот на земји за разлика од оние кај кои има дарстичен пад на БДП. Да не заборавивме дека ние кон крајот на октомври распишавме избори во државата, а штом се прогласат избори тоа има рефлексија и во бизнисот, каде што бизнисот стагнира и она што сакал да го инвестира во тој период го откажува чекајќи ги резултатите од изборите, изјави Симовски.

Владините мерки вродија со плод, а со тоа донекаде се намалува ударот на пандемијата во економијата.

-Она што е наш менталитет е во криза вишокот од пари луѓето да го врзуваат со трајни вредности,. некогаш се купувало земјиште, сега станови. Но, растот во градежништвото во моментов повеќе се базира во инфраструктурните објекти, а не во становите.

Податокот за првиот квартал покажува дека невработеноста не расте, напротив се намалува. Онаа бројка од околу 10.500 луѓе што ја прикажа Агенцијата за вработување се однесува за месец април. Дури и во месец март немаше отпуштања. Така што ова намалување и во суштина не е голем број, бидејќи предвидувањата во овој дел беа најразлични. Сметам дека мерките на државата во тој правец вродија со плод. Она што беше добро во слободните економски зони е што големите компании не ги отпуштија вработените, туку онаму каде што мораше да се сопре процесот на прозводство ги пуштија на одмор и таму луѓето се се уште на работа. Се надеваме дека ова донекаде ќе влијае на намалување на ударот на пандемијата врз економијата во вториот квартал, додаде Симовски.

Извор: Слободен печат

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Апостол СимовскиГолем пораст на земјоделствотоДржавен завод за статистикаПад на индустријата
Претходен напис Владина седница денеска во 14 часот, на дневен ред измена на програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година
Следен напис Нема нов полициски час, Владата ги задолжи МВР и инспекторатите да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број нови случаи од Ковид-19
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?