Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сиљановска Давкова за злоупотребата на ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сиљановска Давкова за злоупотребата на ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
Агровести

Сиљановска Давкова за злоупотребата на ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има

Објавено 11/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност.

– ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или однесувањето во рамките на владеењето на правото или однесувањето како добри домаќини кон средства коишто ни се дадени на помош е многу, многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е првпат да се соочиме на феноменот на злоупотреба. Тоа не е добро. Значи одговорност мора да има, нагласи Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета на Општина Ресен.

Министерството за финансии вчера соопшти дека преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, Македонија донела одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Како што беше појаснето, ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција, соопшти Министерството за финансии.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. Тој рече дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:БриселекИпард
Претходен напис Тутунарите подготвени за откуп – се очекуваат до 22 милиони килограми квалитетен род и повисоки цени
Следен напис „Планот за раст за Западен Балкан и Националната реформска агенда – Зошто се важни за бизнис секторот?“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?