Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сиеста за крави како заштита од топлотен стрес – Кравите на 25 степени Целзиусови се чувствуваат исто како ние на 40 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Сиеста за крави како заштита од топлотен стрес – Кравите на 25 степени Целзиусови се чувствуваат исто како ние на 40 степени
Сточарско производство

Сиеста за крави како заштита од топлотен стрес – Кравите на 25 степени Целзиусови се чувствуваат исто како ние на 40 степени

Објавено 25/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Животните се чувствителни на високи температури, а најчувствителни се млечните крави. Тие на 25 степени Целзиусови се чувствуваат исто како ние на 40 степени.

Сточарите во Велика Британија бараат начини да ги заштитат своите животни од топлотен стрес предизвикан од високите температури. Бидејќи, на тој начин тие позитивно би влијаеле на производството на млеко и благосостојбата на животните. „Гардијан“ информира дека нашле решение во „сиестите“ во затворен простор за кравите кои во лето се на пасиштата.

Чувствителни на високи температури

За добитокот, а особено за млечните раси, топлинскиот стрес може да предизвика намалување на производството на млеко за 10 до 15 проценти, помала плодност и губење на телињата.

„Кравите на 25 степени Целзиусови се чувствуваат исто како ние на 40 степени“, вели Ед Бејли од „Џорџ Фарм Ветс“ во Вилтшир. Тој наведе дека оваа чувствителност е поврзана со органите за ферментација на храната кои постојано создаваат многу топлина.

Најчувствителни се млечните крави, додека расите на говеда за месо и овците се поотпорни. Свињите и живината главно се чуваат во затворени простори, но во Велика Британија има и голем број свињи кои се одгледуваат на отворено.

Повеќето млечни крави се чуваат на пасишта во текот на летото, а индустријата се соочува со фактот дека тоа не е секогаш добро. Ветеринарот и земјоделски консултант Том Чембрлен рече дека тие почнуваат да покажуваат знаци на стрес кога температурата ќе се искачи над 20 степени.

Сиеста за животни

Терминот сиеста е осмислен во Шпанија за да им се даде одмор на земјоделците во најтоплиот дел од денот. Токму таков концепт на заштита е пресликан и применет во сточарството.
По утринското молзење, молзните крави се пуштаат на пасење, а во најтоплиот дел од денот се враќаат во шталите. Повторно се пуштаат по попладневното молзење и остануваат на полето се додека се гледа. Така се избегнува негативното влијание на прегревање на животните.

Затворените објекти обезбедуваат подобри услови и можат да им овозможат на животните да се разладуваат благодарение на добрата вентилација, вентилаторите и разните прскалки.

Сенката на дрвјата е добра за свињите

Одгледувачите на свињи експериментираат со садење дрвја за да им обезбедат на животните сенка и место за престој во лето. Марин и Бертел Хестбјерг од Данска засадиле брзорастечка топола на која и биле потребни само пет години за да може да се користи како сенка за свињи.

Фото/hestbjerg.dk

Марин вели дека порано имале околу три животни кои угинувале од топлотен стрес, бидејќи свињите не се потат. Таа истакна дека сенката на дрвјата се покажала како многу ефикасна при опрасувањето, бидејќи маториците биле изложени на помал стрес.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:Крави
Претходен напис Општина Кочани ги повикува граѓаните да поднесат пријава за проценка на штета од невремето најдоцна до 1 август 2022
Следен напис Агротим и Фриготехна со заеднички сили за поголема искористеност на ИПАРД средствата за модернизирање на производството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?