Швајцарија повторно повлекува од пазарите пченкарно брашно со потекло од Србија – овојпат станува збор само за жолто брашно, а причината е значително поголема количина на афлатоксин од дозволеното со закон, објави РАСФФ, европскиот систем за брзо алармирање и информирање за храната.
Според веб-страницата на РАСФФ, дозволената количина на афлатоксин во пченкарното брашно е 2 µg/kg – ppb (два микрограми на килограм). Во примерок од брашно земен на 10 јули годинава, присуството на микотоксинот афлатоксин Б1 е откриено во поголема количина од дозволеното: во жолтото пченкарно брашно – 11,4 μg/kg, што претставува дури 5,7 пати повеќе од дозволеното.
Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е повлечен од пазарот.
MИА