Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Што всушност претставува селскиот туризам?


Пред стотина години само оние побогатите во градовите можеле да си дозволат минување на годишниот одмор на море или планина, па вообичаена дестинација им била селото или роднините. Денес, кога многу градски деца никогаш во живо не виделе коњи, крави или свињи, селскиот турзам стана дури и помодарство но и одличен начин да се спојат престојот во природа, активениот или пасивниот одмор и запознавање со културата и традицијата на некој крај.

Од аспект на степенот на урбаност и населеност на некој простор тој може да биде урбан (градска населба) , рурален (селски) или обична периферија на поголемите градови или помали гратчиња. Селскиот или руруалниот туризам се врзува за руралните подрачја кои претставуваат основа на селскиот туризам, додека главни подрачја на селскиот туризам се всушност градот и високоурбанизираните средини. Туризмот претставува привремена промена на местото на престој, кој обично подразбира престој во некое квалитетно место и пејсажно целосно поинаков простор, а селата и нивното природно опкружување секако се привлечни за луѓето од големите градски центри.

Селскиот туризам обично претставува втор или трет одмор во текот на годината ( после летувањето и зимувањето). Главни сезони се пролет и есен, додека значаен промет се остварува и во летните месеци. Примарни мотиви поради кои туристите доаѓаат на село се природата и културното наследство, како и гастрономијата, активностите, специјалните интереси ( берба на лековити растенија, вински тури, едукација и слично).  

За селскиот туризам многу често се врзуваат термините агротуризам и екотуризам. Агротузимот претставува престој на село со активно учество во сите земјоделски работи или едукација (одгледување на винова лоза, подготовка на зимница). Екотуризмот претставува престој во недопрена и зачувана природа. Екотуристите се еколошки освестени патници кои за свој престој бираат исклучиво места со извонредна природна убавина, тие не престојуваат во големи отмени и скапи хотели, туку во мали селски туристички домаѓинства кои со своето работење и постоење не ја нарушуваат природната околина во која се наоѓаат. Екотурзмот е вид на туризам кој бележи раст во последно време.

Руралниот туризам не се одликува со масовност т.е не постојат селски дестинации кои привлекуваат повеќе илјади луѓе. Тоа може да се случи само во ретки случаеви кога во селото се одржува некоја манифестација , но тогаш основен мотив на туристите е токму тој настан, а не селската средина.

Најчести гости на селските домаќинства се: семејства со деца до 12 години, мали групи кои патуваат поради некои специјални интереси (планинарење, велосипедизам, традиција и фолклор), индвидуални посетители, организирани групи кои доаѓаат од едукативни причини (студенти на шумарство, биологија, ветеринарство, географија, ученици од средни училишта и др.)

Наведените видови на туристи доаѓаат обично од големите урбани средини кои од даденото село не се оддалечени повеќе од 350 км. Ова е некое непишано правило но секако дека има и исклучоци. Ако во близина на некое село се наоѓа извонредно атрактивна пештера, овде доаѓаат спелеолози но и други туристи.

Исто така, гостите на некое село можат да бидат луѓе кои инаку живеат на село но во прашање се две различни рурални средини, со различно културно наследство и фолклор.

Просечната должина на престојот кај селскиот туризам не може точно да се одреди бидејќи оваа категорија во многу зависи од понудата на одредено селско подрачје како и желбата и интересот на самите туристи. Тоа може да биде викенд на село но и двонеделен па и подолг престој. Сепак се почести се кратките престои кои траат од два до три дена.

Селскиот туризам бележи константен пораст во светот. За тоа секако имаат придонес глобалните светски трендови како што се заштита на природата, престој во природа, како и зачувување и повторно оживување на локалните традиции, обичаи, културно историски споменици а се тоа врз основа на одржлив развој. Селскиот туризам успешно ги вклучува сите овие елементи  во својата понуда па затоа и не е чудно што се повеќе туристи патуваат во руралните предели.

Фев 18, 2020agrotim2
Здруженијата „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ од Тетово, ве покануваат на инфо сесија за мерката 113 – МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦОбјавен конкурсот за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Напишете коментар Откажи одговор

18/02/2020 Рурален РазвојАктуени атракции, Посета на селата, Рурана средина, Сески туризам524

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019