Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штетите од град на земјоделските површини повторно го отворија прашањето до каде е новиот ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штетите од град на земјоделските површини повторно го отворија прашањето до каде е новиот ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ
АгровестиАгросектор

Штетите од град на земјоделските површини повторно го отворија прашањето до каде е новиот ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Објавено 26/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве повторно сме сведоци на штети на земјоделски култури предизвикани од врнежи од град. Земјоделците јавуваат за уништени посеви со жито, градинарски култури, бостан и други производства на отворено за кои бараат помош од државата.

Во Полошкиот регион насадите со домати, зелка, краставици, пченка и житарки се речиси 100% уништени. Земјоделците велат дека доколку општината или Владата не ги обесштети, нема да можат да садат следната година, а тоа според нив ќе предизвика недостиг на производи на пазарот.

-Јас изгубив секаква надеж за доматите, камерата подобро покажува дека тие се 100% изгубени и немаме начин да ги покриеме овие трошоци бидејќи прво семето, вештачкото ѓубриво, многу се скапи. Инвестицијата е некаде околу 20 илјади евра, а каде е нафтата, ѓубривото, работниците -вели Исмаил Беќири.

Ваков е случајот и во другите региони каде градот направи огромни штети, а земјоделците бараат помош од државата.

И повторно се отвора прашањето за земјоделско осигурување и потребата од едно системско решение што го овозможува најавениот Закон за земјоделско осигурување.

Според последните сознанија Владата на РСМ изготви закон за задолжително осигурување во земјоделството, со цел воспоставување на систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани, ефикасна исплата на штетите и заштита на Буџетот на РСМ преку правична и навремена исплата на надоместоци по премија. Всушност, согласно законот се основа Земјоделски осигурителен пул за задолжително осигурување во земјоделството заради вршење на дејноста на задолжително осигурување во земјоделството.

Законот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е изготвен заедно со Mинистерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување со што се постави едно системско решение на проблем кој 32 години се провлекува без конкретен институционален одговор.

Вакви пулови има веќе воспоставено во Шпанија, Израел, Турција и во САД. Со овој пул се очекува дека ќе се воведе решение кое ќе има за задача да ги осигура земјоделците дека во случај на неприлика, нивниот труд ќе биде платен како што треба. Од друга страна овој закон ќе ги намали цените на осигурителните полиси, ќе го доближи секторот осигурување до вистинските земјоделци, и ќе гарантира правичен систем за проценка и исплата на штети како што тоа е пракса во секоја земја на ЕУ.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:законземјоделствоосигурување
Претходен напис Трипуновски: Ќе ја зајакнеме мерката за осигурување на земјоделските површини
Следен напис Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?