Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штети по есенските посеви во Пелагонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штети по есенските посеви во Пелагонија
Агровести

Штети по есенските посеви во Пелагонија

Објавено 04/03/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако до пред две недели во пелагониската житница почетокот на првата прихрана доцнеше поради високото ниво на подземните води по последниве пообилни врнежи од дожд и снег до израз доаѓаат и надземните води. Земјоделците велат со првата прихрана се доцни еден месец а штетите по развојот на посевите стануваат видливи.

Последниов влажен бран од дожд и снег дополнително ги усложнува состојбите во најголемата житница. Ако до пред две недели постоеше надеж дека почвата малку ќе се исцеди и барем рачно ќе се изврши првата прихрана, сега отпаѓа и таа можност.

Земјоделците велат нивото на подземните води беше високо, но сега водата на многу површини е и над земјата. Штетите по пченицата стануваат видливи бидејќи првата прихрана доцни еден месец, а посевите се наоѓаат во период на братење од кој зависи и идниот развој на посевите.

Пченицата и јачменот се осетливи на преголемата влага. Најголеми штети велат ќе има на парцелите каде што се формирани таканаречените водни огледала, велат земјоделците.

Пелагонискиот земјоделец вели понатаму сѐ е во рацете на временските прилики. И во вакви услови потребни се најмалку 15-наесетина дена без никакви врнежи за да може да се влезе во нивите.

Извор: МРТ

Може да ви се допадне

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Таг:пелагонија
Претходен напис Земјоделците стравуваат за извозот на овошјето – „Ова е шанса за пренасочување на извозот кон европските пазари“
Следен напис Салатното масло на АГРО ФИЛА – Одлична комбинација на ладно цедено сончогледово и екстра девствено маслиново масло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?