Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штедроста на изворот Студенчица во месец јуни опадната за 250 литри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штедроста на изворот Студенчица во месец јуни опадната за 250 литри
Агровести

Штедроста на изворот Студенчица во месец јуни опадната за 250 литри

Објавено 01/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екстремно високите температури и сушата која беше и сè уште е присутна во земјава, придонесоа водотеците да бележат забрзано намалување. Така, изворот Студенчица од каде со вода за пиење се снабдуваат над 160.000 жители, од истите причини во последните 30 дена забележа намалување на штедроста од над 250 литри вода во секунда, потврди за МИА, Гоце Наќески од ЈПВ „Студенчица“.

– Иако имавме солидна хидролошка година, сепак екстремно високите температури што во изминатите две седмици владеат во земјава, придонесоа изворот Студенчица од каде со вода за пиење се снабдуваат над 160.000 жители од седум општини во земјава да опадне за повеќе од 250 литри вода во секунда. Состојбата сè уште не е алармантна, бидејќи денеска на изворот беа измерени 1250 литри, сепак ако продолжи топлото време и недоволните врнежи од дожд, состојбата може наскоро и да се влоши, бидејќи допрва доаѓаат кризните месеци почнувајќи од август па се до ноември – вели Наќески и потсети на количествата на вода кои моментално се дистрибуираат до корисниците.

– Деновиве од страна од хидросистемот Студенчица кон Кичево се упатуваат 200 литри, Прилеп добива 240 литри, 185 литри се насочуваат кон РЕК Осломеј и селата, од кои 130 литри добива „рекот“. Останатите количини ги користат селата од тој регион. Кон Пласница и останатите општини се упатуваат 55 литри, додека преостанатите количини се испуштаат во реката за хидробиолошки минимум – додава Наќески.

Од комуналното претпријатие од Кичево со забелешка до водокорисниците, дека поголеми количества на вода се трошат ненаменски за полевање на бавчи и освежување на дворовите, од друга страна жителите на повисоките згради во попладневните часови, речиси да немаат вода за неопходни потреби.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водаСтуденчица
Претходен напис Се укинува кафезното одгледување на животни – следат посебни мерки за поддршка
Следен напис Средба на земјоделци со претставници од МЗШВ и ФЗНХ по повод Меѓународниот ден на задругите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?