Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шокантната експлозија во Либан предизвикана од вештачко ѓубриво?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шокантната експлозија во Либан предизвикана од вештачко ѓубриво?
Агровести

Шокантната експлозија во Либан предизвикана од вештачко ѓубриво?

Објавено 06/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истрагата за експлозијата што се случи во пристаништето лоцирано во градот Бејрут во Либан, според светските медиуми, укажува на небрежност при чувањето на високо експлозивен материјал, што е причина за трагедијата во која животот го загубија повеќе од 135 луѓе, а околу 5.000 беа повредени.

Причината за катастрофата е 2.750 тони амониум нитрат. Тоа е супстанција во форма на кристали, без мирис и најчесто се користи како ѓубриво, кое претставува причина за голем број на индустриски експлозии. Во земјоделството, ова ѓубриво се применува во форма на гранули кои брзо се раствораат и ги снабдуваат растенијата со азот.

Во комбинација со масла кои се користат како гориво, ова соединение создава моќен експлозив што често го користат бунтовничките групи.

Непознат извор за reuters тврди  дека пожарот започнал во пристаништето и тоа во магацинот 9, а подоцна се проширил во магацинот 12 каде се чувал амониум нитрат и се случила силна експлозија.

 Ова е најголемата трагедија што досега се случила во Бејрут иако тоа е град кој сè уште ги трпи ефектите од граѓанската војна од пред три децении. Тие исто така се борат со длабока финансиска криза создадена од корупција и економски лошото управување.

Амониум нитратот е причина за многу експлозии

Слична ваква експлозија, но со помал интензитет се случи во Тексас во 2013 година, во која загинаа 15 лица, а виновникот бил повторно амониум нитрат. Според Timesofisrael, 31 лица биле убиени во хемиска фабрика во Тулуз, Франција, во 2001 година од истата причина. Покрај тоа, ова соединение исто така беше составен дел од бомбите користени во нападот врз Оклахома Сити пред 25 години.

Шокантната снимка од експлозијата во Бејрут покажува црн чад, а потоа црвен. Затоа, проф. Mими Оксли претпоставува дека прво се случила мала реакција која потоа предизвикала експлозија на амониум нитрат. “Тоа е затоа што ова соединение е оксиданс. Го зајакнува согорувањето и им овозможува на другите супстанции полесно да се запалат, а самото тоа  не е запаливо“, објаснува таа.

Поради оваа причина, постојат строги правила за негово складирање, а главната работа е дека мора да се чува подалеку од гориво или од извори на топлина. Многу земји во Европската унија бараат да се додаде калциум карбонат во ова соединение за да се создаде калциум амониум нитрат што е побезбеден за чување.

И покрај опасноста, проф. Оксли вели дека употребата на амониум нитрат во земјоделството и градежништвото е важна. „Немаше да го имаме овој современ свет без експлозиви и немаше да можеме да го храниме населението што го имаме денес без ова ѓубриво, но мора да бидеме внимателни како да се справиме со тоа“, заклучи таа.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Амониум нитратвештачко ѓубривоексплозијаЛибан
Претходен напис Поради климатските промени поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година
Следен напис Интервју со Ленче Николовска за Слободен печат: Руралното може да биде и модерно и доходовно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?