Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шест пожари за еден ден во кумановско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шест пожари за еден ден во кумановско
Агровести

Шест пожари за еден ден во кумановско

Објавено 30/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце гореле житни површини од околу три хектари, во интервенцијата учествувале и вработени од приватен субјект кој е во непосредна близина на опожарената површина. Жито горело и во липковското село Ропаљце.

Опожарена сува трева горела во липковско Никуштак во близина на гробиштата, како и во кумановското село Студена Бара. Смет горел во Куманово, во населбата Средорек во два наврати.

Во општина Куманово се одржа локален совет за превенција на кој претставници од повеќе институции, локална власт, СВР Куманово, ТППЕ Куманово, Основното јавно обвинителство, подрачните единици на РЦУК И Дирекција за заштита и спасување разговараа за актуелните пожари на подрачјето на општината, а беа потенцирани и најкритичните точки каде се случуваат пожарите, локалитетите: „Стари Лозја“ и „Бавчи“.

-Комуналната инспекција, кумановската полиција, членовите на Советот на општината ќе ги посетат критичните точки во Куманово и ќе разговараат со населението. Територијалната противпожарна единица Куманово ќе обезбеди мобилна опрема за гасење на пожари (грбни пумпи и челични метли) и ќе ги стави на располагање на СВР Куманово, чиишто тимови би можеле да делуваат. Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе започне со интензивни активности за расчистување на диви депонии во градот, каде постои ризик од пожари. Во тек на наредна недела да се одржи состанок помеѓу Општина Куманово, СВР Куманово и сопственици на мотокултиватори, како создавачи на диви депонии, со цел да се спречи оваа појава, било истакнато на состанокот.

На состанокот инициран од градоначалникот Максим Димитриевски, присуствуваа претставници од општината, СВР Куманово, командир на ТППЕ, претставници од Основно јавно обвинителство, РЦУК Куманово и Дирекција за заштита и спасување.

– Како предлог на состанокот беше подготовка на оперативен план од страна на претставници од надлежни институции, за детектирање на предизвиците, намалување на бројот на пожарите, навремено дејствување и пронаоѓање на сторителите, информираат од општината. Кумановци реагираа дека на овие места, несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Граѓаните бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:еден денаркумановскошест пожари
Претходен напис Од утре забрана за движење во шумите
Следен напис До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?