Нашите деца се чудо!
Ова е 10 годишниот Роберто од Долнени. Негова е заслугата што децата од село Заполжани ќе одат во целосно реновирано училиште по 60 години.
Минатата година самиот ми пријде и ми кажа дека сака да учи, но дека училиштето им е пропаднато и неодржувано. Не му беше тешко да се пробие пред возрасните, да земе збор и гласно да каже што мисли и што бара. Сакаме вакви деца да создава нашето образование, деца кои што знаат што сакаат, кои мислат на заедницата, но и знаат да се изборат за тоа. Разговорот со него лани и денес ми беше најголемата награда. Браво Роберто!
Им благодарам на Министерството за локална самоуправа, Министерството за образование и наука, Швајцарската агенција за развој и соработка, Пелагонискиот плански регион и општина Долнени што за само една година направија зборот да биде збор, а ветувањето да стане реалност.
Фејсбук статус на Радмила Шеќеринска
