Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шеесет земјоделци добија решенија за државна финансиска поддршка за набавка на трактори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шеесет земјоделци добија решенија за државна финансиска поддршка за набавка на трактори
Агровести

Шеесет земјоделци добија решенија за државна финансиска поддршка за набавка на трактори

Објавено 26/06/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски денеска во Свети Николе ги доделија решенијата за набавка на трактори на 60 земјоделци од овој крај.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека ова е дел од вкупно одобрените 730 решенија за државна финансиска поддршка на земјоделци, за набавка на трактори. Вакви решенија веќе се доделени во Битола и во Прилеп.

-Распишаните четири јавни повици минатата година, меѓу кои и за поддршка при набавка на трактори, имаат рекордна заинтересираност досега. За нас ова значи доверба на земјоделците во искрените заложби на Владата да ја помогнеме и унапредиме земјоделската дејност, преку сите механизми што ни се на располаѓање. Тоа е поддршката преку државниот буџет, како и преку ИПАРД програмите, преку коишто создаваме современо, модерно, профитабилно, конкурентно, македонско земјоделство, рече Ковачевски. 

Државната финасиската поддршка на земјоделците, во овој случај, за набавка на трактори, е во форма на кофинасирање, до 75 проценти од вредноста на тракторот.

-Но, слушајќи ги сугестиите на земјоделците од теренот, годинава креиравме и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството. Преку отворен јавен повик, земјоделецот има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето производство, одбирајќи сам во што и кога ќе инвестира. Преку одговорниот пристап на работа на Владата, којашто за прв пат од независноста на државата, го постави земјоделството, заедно со енергетиката, каде што му е местото, меѓу приоритетните развојни дејности, постигнавме и низа конкретни резултати, рече во обраќањето Ковачевски.

Министерот, Николовски истакна дека голема е поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за модернизација на македонското земјоделство.

-Пред нас како министерство и Влада, сите овие години, си имаме поставено јасна цел, модернизација и развој на македонското земјоделство. Посветно работиме сите овие години во реализација на оваа наша поставена цел. Креирајќи конкретни мерки за поддршка на земјоделците, да го модернизираат своето производство. Модернизацијата на македонското земјоделство покрај овој повик за набавка на трактори ја реализираме и преку поддршката за набавка на силоси, потоа преку поддршката во изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка, вели Николовски.

На настанот на кој присуствуваа земјоделци и претставници на домашните добавувачи на земјоделска механизација, директорот Бачовски информираше за спроведената постапка по однос на мерката.

-Преку овие настани, денес во Свети Николе, а претходно во Битола и Прилеп, доделуваме финансиска поддршка во вид на решенија за 730 земјоделци. За оваа поддршка беа обезбедени 500 милиони денари од програмата за рурален развој. Агенцијата во изминатиот период активно работеше на спроведување на програмите за директни плаќања и исплата на субвенциите, реализацијата на интервентниот фонд како и на подготовките за новиот ИПАРД 3 програмски период кој доаѓа како нова можност за модернизација на земјоделските стопанства, преработувачките капацитети и руралните средини, истакна Бачовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделциподдршкарешенијатрактори
Претходен напис Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Следен напис Николовски најави дополнителни субвенции за остварено производство на ЈАЧМЕН
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?