Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски – Тигањ: Хрватското искуство е значајно за европскиот развој на македонското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски – Тигањ: Хрватското искуство е значајно за европскиот развој на македонското земјоделство
Агровести

Серафимовски – Тигањ: Хрватското искуство е значајно за европскиот развој на македонското земјоделство

Објавено 09/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.

Од страна на соговорниците заеднички се оцени дека одличните политички односи меѓу двете земји создаваат цврста основа за продлабочување на соработката во земјоделството, особено преку пренесување на хрватското знаење и искуство од пристапниот процес кон Европската Унија.

„Хрватска веќе го помина патот по кој ние се движиме и нејзиното искуство може да ни помогне подобро да ги подготвиме институциите и производителите. Усогласувањето со европските регулативи и стандарди значи поквалитетно производство, поголема конкурентност и подобри можности за пласман на македонските земјоделски производи на меѓународните пазари“, истакна министерот Серафимовски.

На средбата се разговараше за ценовните движења на регионалните и европските пазари на храна, како и за органското производство како можност за создавање на поголема додадена вредност и поконкурентно позиционирање на земјоделските производи.

Во фокусот на разговорот беше и потребата од поголемо поврзување на научната заедница со земјоделците и преработувачите, со што современите сознанија би добиле пообемна практична примена во производството на храна.

Министерот Серафимовски и амбасадорката Тигањ изразија подготвеност соработката меѓу Северна Македонија и Хрватска да се интензивира преку развивање нови заеднички иницијативи, со потенцијал да прераснат во долгорочни партнерства и да донесат видливи придобивки за аграрните сектори во двете држави.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Во велешка Маслодајна започна откупот на сончоглед
Со гала концерт во Виница завршува 41. „Истибанско здравоживо”
Божиновска: Ветерниот парк во Штип ги надминува границите на проект и инвестиција
Регистрирани 12 пожари на отворено, пет се активни
„Алказар енерџи“ обезбеди 180 милиони евра за ветерниот парк во Штип
Таг:европскиот развојмакедонското земјоделствоСерафимовскиТигањ
Претходен напис Во велешка Маслодајна започна откупот на сончоглед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?