Со потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделците, Гоце Серафимов, разговаравме на актуелната тема околу исплатата на субвенциите во сточарството, особено доцнењето на финансиската поддршка за грло овци. Според неговите информации, денеска има исплата на субвенции за сточарство.
„Моментално доцнат само субвенциите за сточарите, поради ситуацијата која настана во Платежна агенција, но од разговорот со директорката на агенцијата Иротова, имаме информација дека субвенциите денеска се исплатени, а на сметките на сточарите ќе бидат во текот на денешниот ден или понеделник следната недела“ – изјави за Агротим Гоце Серафимов од Асоцијација на земјоделците.
Според информациите на Серафимов, се очекува до крајот на годината да бидат исплатени сите заостанати субвенции.
-Веруваме дека ќе продолжи успешно работата на АФПЗРР и ќе има редовни исплати на субвенциите. Веруваме во професионалноста на новата директорка која е долги години во министерството за земјоделство и ја познава добро состојбата во земјоделството – изјави Серафимов.
