Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Семејство од Зрењанин одгледува птици ему – Едно нивно јајце чини 50 евра!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Семејство од Зрењанин одгледува птици ему – Едно нивно јајце чини 50 евра!
Магазин

Семејство од Зрењанин одгледува птици ему – Едно нивно јајце чини 50 евра!

Објавено 17/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лилјана Стојанов од Зрењанин и нејзиниот сопруг пред три години купиле четири пилиња ему. Ему е втора по големина птица и може да порасне дури до два метри.

„Пилињата од Унгарија ги купивме кога имаа само четири недели, ни беше интересно да ги запознаеме. Веќе имавме гулаби, пауни… Одгледувањето на живина ни е хоби“, рече Лилјана за порталот zrenjaninski.com.

На почетокот Стојанови не го знаеле полот на птиците, а се испоставило дека се две женки и два мажјаци.

„После две години женките почнаа да несат јајца. Јајцата на емуто се темно зелени, а кога женките ќе влезат во репродуктивната фаза, што е во третата година, стануваат скоро црни. Кај овој вид е интересно што жената ги несе јајцата, а мажјакот лежи на нив и ги изведува младите. Секое јајце тежи околу 700-800 грама. Месото на емуто се користи во исхраната на луѓето. Ние не сме го пробале, ама јајца сме пржеле и многу се вкусни. Многу се барани, а цената за едно јајце се движи околу 50 евра“, вели Лилјана.

Што се однесува до исхраната, емуто не бара многу. Лилјана секое утро им меша пченка, пченица и сончоглед, ги збогатува со гранули за зајаци и тоа им е доволно за цел ден. Но како што птиците раснеле почнале да бараат поголем простор за трчање бидејќи емуто е птица тркач.

„Немаме доволно простор за нив, па сме принудени да ги продадеме. Веќе се јавуваат заинтересирани купувачи. Се надеваме дека нашите птици кои внимателно ги одгледувавме претходните три години, ќе пронајдат нов дом каде што ќе можат да се истрчаат“, вели Лилјана.

Пар возрасни птици ему достигнува цена околу 1.200 евра.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:емујајца
Претходен напис Уште една инвестиција на „Тиквеш“, нови лозови насади на 120 хектари во Велешко
Следен напис Во Крива Паланка одржан општинскиот натпревар во риболов на пливка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?