Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сега е вистинското време да ги окопате вашите овошки: Мерка што ќе ви донесе подобра берба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Сега е вистинското време да ги окопате вашите овошки: Мерка што ќе ви донесе подобра берба
Совети

Сега е вистинското време да ги окопате вашите овошки: Мерка што ќе ви донесе подобра берба

Објавено 03/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пролетта е најважниот период од годината за овошките. По зимското мирување, растенијата се будат, се придвижува циркулацијата на соковите и започнува интензивниот раст на коренот, лисјата и цветовите. Токму затоа пролетното окопување е една од најважните мерки за нега во овоштарникот. Правилното и навремено окопување им помага на овошните дрвја силно да влезат во сезоната и да дадат квалитетен род.

1. Ја подобрува пропустливоста на почвата

Во текот на зимата, почвата се стврднува поради врнежите, снегот и мразот. На површината често се формира кора, што го отежнува протокот на воздух и вода. Со пролетното окопување:

  • се разбива збиениот слој почва
  • се овозоможува подобра циркулација на воздухот
  • коренот полесно дише и се развива побрзо

Здрав корен значи посилна и поотпорна овошка.

2. Навремено отстранување на плевелот

Плевелот се развива многу брзо напролет и почнува да се натпреварува со овошките за вода и хранливи материи.

Ако се изврши окопување на почетокот на вегетацијата:

  • плевелите се отстрануваат додека се уште млади
  • се намалува потребата од подоцни третмани е намалена
  • овошката добива повеќе хранливи материи за раст и цветање
  • Раната контрола на плевелите значи помалку проблеми во текот на летото.

3. Подобро искористување на влагата

Пролетното окопување ја нарушува капиларноста на почвата – ситните канали низ кои водата испарува од почвата.

Тоа значи:

  • помала загуба на влага
  • подобро задржување на водата во кореновата зона
  • поголема отпорност на летни суши

Оваа мерка е особено важна во подрачја со топли и суви лета.

4. Поефикасна прихрана

Пролетта е период кога овошките најчесто се прихрануваат со минерални или органски ѓубрива.

Кога ќе се изврши окопување на почвата:

  • ѓубривото полесно се внесува во зоната на коренот
  • хранливите материи се активираат побрзо
  • овошката подобро реагира на прихраната

Резултатот е посилен раст на фиданките и подобро формирање на плодови.

5. Подготовка за успешна сезона

Пролетното окопување е основа на добрата земјоделска пракса. Тоа е едноставна, но исклучително корисна мерка која:

  • го намалува стресот кај растенијата
  • го стимулира интензивниот раст
  • придонесува за поголем и поквалитетен род

Како правилно да се окопува?

  • Копајте плитко (5–10 см) за да не ги оштетите корените
  • Не работете кога почвата е премногу влажна
  • Бидете особено внимателни околу младите садници

По окопувањето, се препорачува да се нанесе прекривка (слама или искосена трева).

Пролетта е идеално време за окопување, бидејќи тогаш се поставуваат темелите за целата сезона на растење. Со навремено олабавување на почвата, отстранување на плевелот и подобро искористување на влагата, овошните дрвја добиваат најдобри можни услови за раст и плодоносење.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:бербаовошкиовоштарникокопатепочва
Претходен напис Анастасија Шушак ја чува фармата и сонот на нејзиниот татко: Нашиот ден започнува и завршува во шталата
Следен напис Камили дисквалификувани од натпревар за убавина – поради ботокс и филери
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?