Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се забранува движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта во НП Шар Планина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се забранува движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта во НП Шар Планина
Агровести

Се забранува движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта во НП Шар Планина

Објавено 13/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавната установа Национален парк Шар Планина (ЈУНП. Шар Планина) забрани  движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на паркот, со цел да го заштити природното наследство.

– Според планот за управување со Националниот парк Шар Планина, активноста скијање со ратраци е идентификувана како дозволена активност во сите зони, со исклучок на зоната на строга заштита. Сепак, поради движењето на ратраците надвор од регистрираните патишта, направени се оштетувања на високо планинските предели и оваа дејност е означена како една од потенцијално најголемите закани за заштитеното подрачје и неопходно е да се регулира нивното движење, известуваат од ЈУНП Шар Планина.

Оттаму, појаснуваат дека нашата држава е единствената во Европа, во која може да се практикува скијање со ратраци во Национален парк, или популарно Free ride скијање.

– Повеќе од една година се обидуваме да најдеме решение, со кое ќе се регулира дејноста скијање со ратрак надвор од скијачкиот центар Попова Шапка. Зборуваме за дејност која на Шар Планина нерегулирано се одвива веќе 15 години, период во кој бизнис апетитите пораснаа, па така од 1-2 ратрака на почетокот, сега се присутни 27 ратраци од кои на дневна основа, 8-10 ратраци пренесуваат туристи многу подлабоко во планината, надвор од скијачкиот центар Попова Шапка, објаснуваат од ЈУНП Шар Планина.

Во сезоната 2023/2024 година, техничката служба на Ј.У.Н.П. Шар Планина реализирала преку 60 теренски денови, во кои собрала доволно информации дека оваа дејност не влегува во категоријата на еко-туризам, движењето на овие возила прави трајни оштетувања на природата и видовите при што се загрозува нивниот опстанок, се нагрдува пејзажот и се вознемируваат другите љубители на природата.

– За жал при топењето на снегот, станува се’ повидливо дека на високо планинските пасишта на кои се одвива традиционално сточарство, многу површини се изорани, а по искази на овчарите, на местата каде поминале овие машини овците веќе не пасат. За таа цел, во март месец минатата година, се обративме до неколку релевантни институции, а поради недоволно снежна покривка беше донесена одлука за забрана на дејноста, соопштуваат од  Ј.У.Н.П. Шар Планина.

Од јавната установа потсетуваат дека во 2021 година, речиси целата Шар Планина е прогласена за заштитено подрачје од втора категорија, Национален парк, при што заштитата на националните природни богатства е приоритет, а користењето на природата за економски интереси треба да е во согласност со нејзината заштита. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:движењезабранувамоторни возилаНП Шар Планинапатишта
Претходен напис Исплатени 455.3 милиони денари за над 1770 одгледувачи на овци
Следен напис Собранието го донесе Законот за забрана на нефер трговски практики
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?