Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се враќаат строгите забрани за пушење – ќе се казнува и на затворени тераси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се враќаат строгите забрани за пушење – ќе се казнува и на затворени тераси
Агровести

Се враќаат строгите забрани за пушење – ќе се казнува и на затворени тераси

Објавено 02/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за здравство најавува нова офанзива против пушењето: повторно ќе се забрани пушење и на затворените тераси во угостителските објекти. Целта е јасна – заштита на здравјето, особено на младите.

„Нема инспектори колку што има пушачи во Македонија, ама ќе ги вратиме старите забрани и ќе има строги казни“, порача заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, на одбележувањето на Светскиот ден без тутун.

Според него, се разгледуваат две опции – измена на постоечкиот закон или носење целосно нов, со фокус на строги ограничувања и санкции. Пример ќе бараат и од Франција, каде пушењето на отворено е забрането во близина на деца, паркови и спортски терени.

Лекарите алармираат – тинејџерите почнуваат да пушат на само 13 години. Истовремено, податоците покажуваат дека 7 од 10 пушачи во Македонија започнале пред да наполнат 21 година.

Од УНИЦЕФ и СЗО предупредуваат дека тутунската индустрија таргетира млади со „слатки вкусови“ како манго и јагода, со цел да ги направи производите попримамливи.

„Младите треба уште во училиште да бидат едуцирани за штетноста на цигарите“, стои во пораките од меѓународните организации.

Статистиките се поразителни: речиси половина од населението во Македонија пуши, а пушењето е на врвот на причините за смрт од кардиоваскуларни болести – заедно со висок крвен притисок.

„Слободата да се пуши завршува каде што почнува правото на децата да дишат“, истакнуваат експертите.

Новите законски измени ќе значат нула толеранција за пушење на места каде што има деца, како и зголемени контроли и казни за угостителите кои ќе ги прекршуваат правилата.

извор: libertas.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пушењересторанитерасицигари
Претходен напис Државни електрани за тековно работење ќе се задолжат со 30 милиони евра од една македонска банка
Следен напис (ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?