По појавата на африканска свинска чума на територијата на делчевското село Град се уште на сила е Решението за определување на заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста Африканска чума на подрачјето на Општина Делчево. Со решението од 30 ноември 2023 година за определување заштитни зони вклучени се повеќе села и градот Делчево.
-Заштитната зона ги вклучува селата Полето, Ветрен, Очипла и Габрово, а и градот Делчево, додека Зоната под надзор ги вклучува селата Киселица, Селник, Драмче, Вратиславци, Илиово, Бигла, Косово Дабје, Чифлик, Звегот, Стамер и Град, се вели во известувањето на регионалната ЦУК за заразни болести кај животните (епизотии) на територијата на државата, конкретно за присутната болест африканска чума, од каде ја пренесуваат претходно објавената информација од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Состојбата со болеста африканска чума кон крајот на минатиот месец беше потврдена на индивидуално одгледувалиште во делчевското село Град.
-Состојбата и понатаму е стабилна, а во моментот нема нови жаришта. Претходно на одгледувалиштето во село Град еутаназирани беа 21 свиња од различни категории, информираат од ветеринарни екипи кои учествуваа во теренските актовности.
Во 2023 година болеста африканска чума кај свињите беше потврдена на 16 одгледувалишта во Република Северна Македонија.
МИА