Европската Унија е водечки глобален производител на шеќер од шеќерна репка, но само 20% од оваа намирница во светот доаѓа од таа културa, додека остатокот е со потекло од главниот конкурент, шеќерната трска, чии најголеми амбасадори се Бразил и Индија.
ЕУ во 2000 година имала 257, а во 2020 година 96 шеќерани.
Пред седум години цената на шеќерот по тон изнесувала 700 евра, а според наводите на експертите, под 405 евра е неодржлива. Тврдат дека денес изнесува 350 евра.
Одгледувачите и фабриките се под сè поголем притисок.
Минатата година 20% од германските производители се откажале од одгледување на оваа култура. Тогаш цените паднале на историски минимум од околу 312 евра по тон, што отвора бројни прашања за перспективата на шеќерната репка.
„Се топи“ шеќерот од репката на Стариот континент

Остави коментар
Остави коментар