Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сè што треба да знаете за сиракот, кој има повисока хранлива вредност од многу други фуражни култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сè што треба да знаете за сиракот, кој има повисока хранлива вредност од многу други фуражни култури
АгровестиРастително производство

Сè што треба да знаете за сиракот, кој има повисока хранлива вредност од многу други фуражни култури

Објавено 10/07/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сиракот е култура за повеќе намени. Зрното се користи за исхрана на човекот и добитокот или како индустриска суровина, а остатоците од стеблото за исхрана на добитокот, како индустриска суровина или како енергетски извор.

Зрното од сиракот има повисока хранлива вредност од многу други фуражни култури, заради повисоката содржина на сварливи белковини и повисока вредност на скробот.

Зелената маса служи за исхрана на добитокот во свежа состојба, за подготвување на силажа или за производство на сено. Во зелените делови на растението се наоѓа цијановодород кој е отровен за животните, но набрзо после косењето тој се претвора во неотровна материја. Затоа пресно косениот сирак не треба да се употребува за исхрана на добитокот, а подоцна дневниот оброк не смее да надмине 35 кг по грло крупен добиток.

Според начинот на искористување, сиракот се дели на: сирак за зрно (за производство на зрно), технички сирак (за производство на метли и други производи), добиточен (шеќерен) сирак (за производство на зелена маса, силажа, а и сено во сушни подрачја), и подвидот суданска трева, која се користи за исхрана на добитокот со косење и напасување.

Сиракот е култура со изразена отпорност на суша, благодарение на коренот и карактеристиките на лисјата. Во услови на наводнување дава високи приноси. Затоа сиракот покажува одлични резултати во услови на суво производство, како и при наводнување. Според почвата има помали барања во однос на пченката и успева на сите почвени типови од суви и песокливи, до тешки, па дури и на засолени почви. Оптималната киселост на почвата изнесува рН=6-7. За високи приноси добри преткултури се: легуминозите, зелковите култури и житарките. Основната обработка зависи од предкултурата. Основното орање треба да се изврши во есен на длабочина од 25-30 см, а заедно со орањето треба да се изврши и основното ѓубрење. Рано во пролет треба да се изврши дополнителната обработка, а пред сеидба треба да се создаде поволна структура за сеидба.

Најсигурно, најточно и најрационално ѓубрење се одредува ако се изврши агрохемиска анализа на почвата. За високи приноси на средно плодни почви ориентационите норми на основните хранива се движат: азот 100-160, фосфор 80-120 и калиум 100-160 кг/ха. Системот на ѓубрење не се разликува од онај кај пченката. Прихраната се врши со култивирањето и по косењето. Од прихраната до употребата (косење или напасување) треба да поминат 20 дена.

Сиракот може да се одгледува како главен посев (сеидба во мај), или како втора култура (сеидба во средина или крај на јуни). Во зависност од ова мора да се одбере соодветен хибрид, имаjќи го предвид времето на зреење. Сиракот се сее кога почвата ќе се загрее на температура од 12 до 15 степени Целзиусови, односно 10-15 дена после почетокот на сеидбата на пченката. Се сее со житни, а поквалитетна сеидба се извршува со пнеуматски сеалки, бидеќи семето се распоредува на саканото растојание и идеално се постигнува предвидената густина.

Техничкиот сирак (метлар) и сиракот за зрно се сеат на растојание 50-60 см помеѓу редовите, 8-10 см во редот, така што густината на склопот се движи од 200.000 до 260.000 растенија/ха. Сиракот за производство на зелена маса се сее со склоп од 400.000 – 500.000 во потесни редови.

Добиточен (шеќерен) сирак за производство на силажа се сее со склоп од околу 70.000 растенија/ха (70х20 см). Сиракот има релативно ситно семе и се сее на длабочина од 3-4 см, што зависи од типот и влажноста на почвата. Количината на семе зависи од густината на склопот и изнесува од 10 до 30 кг/ха. Бидеќи сиракот се сее релативно плитко и често во отсуство на површинска влага, затоа во ваков случај е неопходно валање на површината со цел да се обезбеди потребната влажност за ртење на семето. Сиракот многу бавно никнува, а плевелите многу брзо се развиваат, потребно е благовремено нивно уништување со меќуредова обработка (рачна или машинска), или пак со хербициди. Проблемот на борбата со плевелите во сиракот е многу сличен со оној на пченката. Инаку бројот на хербициди кои се користат во сиракот е помал во однос на пченката. За правилен раст и развој на растенијата, од големо значење е правилна и навремена примена и на останатите мерки на сиракот за производство на зрно се жнее во полна зрелост. Рамномерно дозрева и не се осипува.

Жетвата се врши со адаптирани житни комбајни. Зрното треба да се суши на 14% влага и се спрема како и зрното на другите житарки. Метличките на техничкиот сирак (метлар) рачно се прибираат, додека останатата вегетативна маса со сило комбајн. Ожнеаните метлички се сушат на нива или обесени на летви и потоа се чистат од семето и се класираат за употреба. Сиракот за зелена сточна храна и силажа се жнее со силокомбајн во време пред метличење и во метличење (за силажа во време на преминот на зрното од млечна во восочна фаза).

М-р Цветан Јовановски, АПРЗ

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:сирак
Претходен напис Повторна употреба на водата: ЕУ има нови правила за наводнување на земјоделските површини
Следен напис Заштитете ја својата градина од лисни вошки без хемикалии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?