Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки
Агровести

Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки

Објавено 08/03/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Птичјиот грип Х5Н1 ја прошири картата на инфекции во Албанија и една од најголемите живинарски фарми во земјата ја има болеста во четири објекти.

Досега се уништени 68.000 кокошки, а блокирани се 415.000 јајца.

Шефицата на кабинетот на Министерството за земјоделство, Ермира Ѓечи рече дека јајцата на пазарот се безбедни, бидејќи инспекторите на Агенцијата за ветеринарство и храна ја повлекле целата количина на јајца од оваа фарма.

Според Министерството за земјоделство, на пазарот нема заразени кокошки или месо. Со цел да се спречи инфекција на други живинарски фарми лоцирани во областа Рашбул во Драч, овие бизниси мора да се придржуваат до строгите мерки за биосигурност.

– Производите се безбедни, бидејќи кокошката не може да дава јајца кога е погодена од овој грип. Во меѓувреме, не се дозволени движења во објектот за да се спречи инфекција, додаде Ѓечи.

Според медиумите птичјиот грип Х5Н1 е присутен во 21 европска земја, поради што Албанија го забрани увозот на јајца од овие земји.  Во САД оваа инфекција им донесе големи штети на живинарските фарми, што услови и највисока цена на јајцето, кое се продава за 1,4 долари. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:68 илјади кокошкиалбанијаптичјиот грипшири
Претходен напис Најниска температура измерена во Берово – 6 степени, дневната во земјава ќе се движи од 17 до 23 степени
Следен напис Студено утро, сончево и топло преку ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?