Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се санираат критични точки на Пчиња во Старо Нагоричане
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се санираат критични точки на Пчиња во Старо Нагоричане
Агровести

Се санираат критични точки на Пчиња во Старо Нагоричане

Објавено 19/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Екипите на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ и на јавните претпријатија од Старо Нагоричане и од Куманово сè на терен и ги расчистуваат наносите од дрвја, гранки, смет кај мостовите во оваа општина. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски во изјава за МИА потврди дека екипи на јавното претпријатие од општината заедно со механизација на водостопанство од Куманово ги расчистуваат најкритичните локации.

-Најкритичните локации се покриени со екипи, со механизација на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ се расчистуваат од наносите од дрвја, гранки кај мостовите. Засега нема пријави за штети, изјави Славковски.

Екипите на кумановските претпријатија, ЈП „Чистота и зеленило“ и „Водовод“, интервенираат кај Меморијалниот центар АСНОМ и се поставуваат вреќи со песок, потврдија директорите на двете претпријатија, Ненад Стојановски и Оливер Стојмановски.

Претходно, Центарот за управување со кризи информираше дека на подрачјето кај село Пелинце, општина Старо Нагоричане во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се излеа од своето речно корито за околу 20 сантиметри.

– Дополнително, кај „Коински мост“ е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.

За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности, соопшти ЦУК.

Управата за хидрометеоролошки работи, информираше дека водостојот на река Пчиња кај Пелинце, утрово е 120 сантиметри, вчера бил 18 што е значително повисоко со тенденција за пораст и три пати повисоко од просекот за ноември кој изнесува 41 сантиметар.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:критични точкипчињасанираатСтаро Нагоричане
Претходен напис Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
Следен напис Премиерот Мицкоски на настан од Германско-македонската стопанска комора, можност за размена на искуства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?