Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се разговарало со инвеститори Попова Шапка во лето да биде и голф центар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се разговарало со инвеститори Попова Шапка во лето да биде и голф центар
Агровести

Се разговарало со инвеститори Попова Шапка во лето да биде и голф центар

Објавено 31/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово. Според него се разгледувале два пристапи за инвестирање во однос на летен и зимски туризам.

-Едниот пристап Попова Шапка како можност за инвестирање не само во зимскиот туризам туку и во летен спортски туризам. Беше покренато прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар. Исто така го претставивме и како регионален центар заедно со Косово, да ги претставиме двете страни од планината, бидејќи очигледно големите инвеститори бараат поголеми регионални пазари и можноста регионално да се претставиме е секогаш поатрактивна. Почнуваме со оваа кампања за промовирање на нашите потенцијали и на странски инвестиции и затоа сме тука, за покоординиран пристап, нашите дипломати да се распределуваат низ светот, истакна Бујар Османи,

Градоначалничката Теута Арифи вели дека општината има волја и интерес за соработка со државните институции со оглед на економската и развојна важност на Попова Шапка.

-Се работи за одвоени ингеренции за нас како Општина Тетово. Сепак за граѓаните Попова Шапка е важна не само за туризам туку и за развој на целиот полошки плански регион. Од овој аспект сме во постојана координација со Владата затоа што на сите ни е јасно дека таму е потребна длабока физибилитија студија која веќе е направена исто така и инвестиција од многу поголеми размери која би требало да дојде од меѓународни буџетирања и извори. Од аспект на обврски што ние како општина ги имаме во однос плански документации и друго, апсолутно сме спремни да бидеме од голема помош и поддршка. Тоа ни е обврска да го реализираме. Имаме историја на еден детален урбанистички план кој е во една долга меѓусебна комуникација на Министерството за транспорт и врски и Општина Тетово. Се надевам дека во однос на тоа сме побарале да нема одолговлекување во однос на позитивните одговори за да може тој да биде реализиран, истакна Теута Арифи.

На прес-конференција во Владата, министерот за еконимија Крешник Бектеши исто така одговорајќи на новинарско прашање, истакна дека за Попова Шапка нема интерес од Абу Даби туку од европските земји.

-Што се однесува до инвеститорот кој беше наведен во обраќањето на премиерот, не е од Абу Даби но секако дека ние сме отворени да добиваме понуди од сите страни по однос на развој на Попова Шапка. Инвеститорите доаѓаат од Европа и секако дека имаат конкретен предлог кој ќе биде разгледан и би требало да се одлучи во текот на оваа година. Секако дека со Брезовица можноста останува за да можеме да ги поврземе двата ски центри и во дел од Косово и во делот на нашата држава,сме пратиле писмо до косовската влада и очекуваме тоа да се разгледа, изјави Бектеши.

Османи и Арифи заедно со економски советници кои ќе бидат задолжени за привлекување инвестиции во странство имаа средба за запознавање на потенцијалите во тетовскиот регион.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:голф центарПопова Шапка
Претходен напис Крушево очекува туристичко лето со странски посетители и меѓународни првенства
Следен напис Бесими: Антикризни мерки сѐ додека економијата не застане на здрави нозе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?