Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се проценува дека до 2030 година најголемите светски земјоделски и прехранбени компании би можеле да загубат 150 милијарди долари поради климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Се проценува дека до 2030 година најголемите светски земјоделски и прехранбени компании би можеле да загубат 150 милијарди долари поради климатските промени
Агропрогноза

Се проценува дека до 2030 година најголемите светски земјоделски и прехранбени компании би можеле да загубат 150 милијарди долари поради климатските промени

Објавено 12/07/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последниве 10 години се забележани најголеми климатски промени. Најзасегнати се земјоделците и стопанствениците чие производство зависи од природата. Се проценува дека до 2030 година само најголемите светски земјоделски и прехранбени компании би можеле да загубат 150 милијарди долари поради климатските промени, според извештајот на „Race to Zero“, глобална кампања за справување со климатските промени, поддржана од ОН.

Истражувањето дава увид во тоа како 40 големи компании, вклучително и земјоделски производители и трговци на храна, би можеле да поминат според сценаријата наречени клучни за намалување на емисиите. Се мисли на можноста владите да наметнат цени на емисиите на јаглерод или ако потрошувачите ја намалат потрошувачката на месо.

Резултатот покажал дека вредноста на овие деловни субјекти ќе падне за седум отсто до 2030 година поради неусвојување нови практики, што значи дека загубата на инвеститорите би била околу 150 милијарди долари.

Во извештајот тие особено ја нагласуваат важноста на претходните повици до инвеститорите и компаниите за елиминирање на уништувањето на шумите поврзани со сточарството, палминото масло и производството на соја.

„Реалноста е сурова. Несигурноста во природата брзо станува составен фактор на инвестицискиот ризик“, изјавил Питер Харисон, извршен директор на „Schroders Plc“.

Климатските промени ќе го намалат родот на пченицата

Приносите од пченицата би можеле да се намалат за седум отсто за секој степен Целзиусов на глобалното затоплување, предупредија и експертите од Иницијатива за пченицата (Wheat Initiative).

– Намалената достапност на вода веќе значително ги погодува регионите што се наводнуваат, а се очекува проблемот дополнително да се влоши со намаленото ниво на подземните води и врнежите, се наведува во стратешкиот документ на Иницијативата.

Исто така се посочува дека најверојатно ќе се зголеми и притисокот за забрана на употреба на вештачките ѓубрива и пестициди, со цел да се намали загадувањето на животната средина. Како приоритети на Иницијативата се наведуваат истражувањата за подобрување на генетската разновидност и разбирање на биологијата на корените и почвата. Во изработката на документот учествуваа агрономи, влади и компании за одгледување на растенија. Иницијативата во 2020 година имаше околу 770 истражувачки проекти поврзани со пченицата само во Австралија, Канада, Кина, Шпанија и САД. Речиси една четвртина од произведената пченица се пласира на светските берзи, за разлика од оризот, кој главно се троши во земјите производители. Иницијативата за пченица е формирана во 2011 година и ги поврзува истражувачите од целиот свет со цел да се подобри снабдувањето со храна.

На удар е и македонското земјоделство

Заклучокот на дискусијата „Возможно е“ во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски промени, што се одржа пред две години, е дека во последните години значително на удар е и македонското земјоделство и стопанство, токму поради климатксите промени.

-Најчести климатски настани на територијата на нашата држава се појава на топли и ладни бранови, појава на денови со измерени максимални температури, како и денови со минимални температури под нулата, таречени ледени денови, појава на тропски ноќи….Покрај овие климатски настани поврзани со температурата, се забележува појава на денови со многу поројни врнежи, како и зголемување на сушните и врнежливи периоди. Во изминатите 70 години забележани се одредени трендови, така на пример забележан е тренд на намалување на мразните/ледените денови и појавата на ладни бранови за разлика од тоа се јавува тренд на зголемување на летните денови, тропските ноќи, изјави Нина Алексовска претставник од УХМР, која рече дека ако пред осумдесеттите години топлотен бран имало само периодично, од 1987 година, па се до денеска топлотниот бран е појава секоја година.

Алексовска додаде дека карактеристично за сите овие климатски настани е тоа што најголемите промени се случени во последните 10 години, последнава декада, што истакна таа, е најтоплата откако постојат континуираните мерења на територијата на државава.

Ова според учесниците не е добра вест особено за земјоделството, бидејќи земјоделците управуваат со 50 отсто од земјиштето во нашата држава и користат 60 до 80 отсто од водите, предвиденото намалување на врнежите и повисоките температури, го зголемуваат ризикот не само на квалитетот на производите туку и опстанокот на самите земјоделци.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:климатски промени
Претходен напис Во рамки на Договорот за житни култури, најголемиот дел од житото отишло во Кина
Следен напис Влечен атомизер Континентал во Хемометал – Професионална заштита на вашите лозаро-овоштарски насади
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?