Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се преврти бродот Queen Hind – превезуваше 14.000 овци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Се преврти бродот Queen Hind – превезуваше 14.000 овци
Магазин

Се преврти бродот Queen Hind – превезуваше 14.000 овци

Последна измена: 26/11/2019 00:21
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Бродот Queen Hind  се преврти во неделата, одма по излегувањето од пристаништето Мидија, во близина на Констанца, на југоизтокот од Романија, на брегот на Црно море.

Голем товарен брод  што превезуваше повеќе од 14.000 овци се преврти крај брегот на Романија.

Бродот Queen Hind  се преврти во неделата одма по излегувањето од пристаништето Мидија, во близина на Констанца, на југоизтокот од земјата, на брегот на Црно море.

Нема човечки жртви

Сите членови на екипажот – 22 државјани на Сирија – беа спасени, а само еден беше однесен во болница заради хипотермија. „Тој падна во морето, но беше спасен многу брзо“, рече Стоија Анамарија, портпарол на службите за итни случаи во Констанца, додавајќи дека остатокот од екипажот е безбеден во пристаништето.

Полицијата, пожарникарите и романската крајбрежна стража учествуваа во операцијата за спасување на овците. Досега се спасени само овците што пливале во близина на бродот, и се верува  дека  многу се удавиле.

„Спасивме мал број. Тие пливаа во морето“, изјави Анамарија за Би-Би-Си.”

Причината за потонувањето на бродот не е позната

Сè уште не е позната причината  што предизвикала превртување  на бродот. Ќе се спроведе истрага кога ќе заврши операцијата за спасување на овците и спасување на бродот, соопштија властите.

Инаку, бродот е изграден во 1980 година, долг е 85 метри и тежи 3.785. тони. Бродот пристигна во пристаништето Мидија на 23 ноември од либискиот главен град Триполи, јавуваат романските медиуми.

 Пристаништето во Мидија првенствено се користи за снабдување со сирова нафта на околните индустриски и петрохемиски објекти.

Треба да се спомене дека уште минатото лето, активисти за правата на животните предупредуваа на тешките услови што овците ги издржуваат во преполните бродови, поточно, на бродот Лејди Марија. Романија е трет по ред одгледувач на овци во ЕУ после  Велика Британија и Шпанија, а воедно е и најголем извозник. Оваа земја направила извоз на  вкупно два милиони овци во 2017 и 2018 година, повеќето од нив во Јордан, Либија и Либан. Во 2017 година, нејзините приходи беа 430 милиони евра, според статистиката на ООН.

Извор: https://www.agroklub.com/

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Во Црна Гора регистриран сомнителен случај на бруцелоза кај овци
Таг:бродовцироманијасе преврти брод
Претходен напис Младите земјоделци ќе може да земат по 20.000 евра државна помош
Следен напис Секое утро Ѓуро Лукиќ (74) им доставува домашно млеко за многу фамилии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?