Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година
Агровести

Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година

Објавено 25/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0068.JPG
Сподели
Ad imageAd image

Во Еуроп хаус (Europe House) денеска беше означен почетокот на подготовката на новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“. Проектот е кофинансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави дека за нив е од стратешка важност оваа определба на Владата, на Министерството, на институциите, заедно со поддршка на Европската Унија, на ФАО којшто е имплементатор, за да се придонесе во решавање на проблемите поврзани со расцепканоста на структурата на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства.

Токму затоа во овие години, тоа било еден од нивните сериозни приоритети.

– Значајни се достигнувањата во овој дел. Се воспостави правната, институционална рамка за консолидација на земјиштето, обезбедувајќи основа за спроведување на националната програма за консолидација. Капацитетите за спроведување на консолидација се зајакнаа преку системско надградување и вклучени страни. На национално ниво беа направени напори за подигнување на свеста за консолидација на земјиштето на земјоделците помеѓу сите засегнати страни на терен, со што се подобри и разбирањето за придобивките од реализацијата на консолидацијата во подрачјата. Беа поставени основите за финансиско и стратешко планирање за консолидацијата на земјиштето, обезбедувајќи ефикасно планирање и распределба на ресурсите за спроведување на овие проекти. И на крај, како најзначајно, успешно спроведовме на терен, проекти за консолидација на земјиштето коишто се видливи, коишто се опипливи и коишто земјоделците на терен ги чувствуваат и придобивките за тоа, бевме сведоци преку сите наши теренски посети што ги имаме, истакна министерот.

Николовски додаде дека има значително намалување на расцепканоста на земјишните парцели, нивно окрупнување во девет подрачја во државата каде се изготвиле планови за консолидација со поддршка на овој проект.

На настанот, преку видео линк, се обрати заменикот регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија (ФАО РЕУ), Набил Ганги.

– Задоволство ми е да бидам дел од овој значаен настан во Скопје, додека го започнуваме процесот на изработка на нова стратегија за консолидација на земјиштето во Северна Македонија во наредните години, нагласи Ганги.

Беа презентирани и клучни достигнувања на Националната стратегија за консолидација на земјиштето 2012-2020 година и научените лекции од претходниот стратешки период, кои ќе бидат основа за развој на новата стратегија за консолидација на земјиштето 2022-2030 година. 

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:Национална стратегија за консолидација на земјиште
Претходен напис Трајковски: Ќе се одзема роба и од нерегистрирани трговци на мало
Следен напис Сезона на лалиња: Како омилениот пролетен цвет подолго да ја одржи свежината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?