Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се одржа седмиот по ред „Саем на домашно вино” во Општина Илинден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се одржа седмиот по ред „Саем на домашно вино” во Општина Илинден
Агровести

Се одржа седмиот по ред „Саем на домашно вино” во Општина Илинден

Последна измена: 14/02/2020 14:39
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во рамки на одбележувањето на големиот верски празник посветен на лозарите, св. Труфун, во населеното место Ајватовци, во црквата „Свети Трифун”, се одржа традиционалниот „Саем на домашно вино”.

Свеченоста почна со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун”, што ја одржаа свештениците од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, по што следуваше симболичното закројување на лозовите насади.

Во изборот на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, учествуваа дванаесетмина винопроизводители, а за најдобро беше прогласено виното на Трајче Трајковски од Ајватовци, второто место го освои Новица Апостоловски од Мршевци, додека трет беше винопроизводителот Божидар Костовски, од Бунарџик.


Свеченоста почна со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун”, што ја одржаа свештениците од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, по што следуваше симболичното закројување на лозовите насади.

Во изборот на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, учествуваа дванаесетмина винопроизводители, а за најдобро беше прогласено виното на Трајче Трајковски од Ајватовци, второто место го освои Новица Апостоловски од Мршевци, додека трет беше винопроизводителот Божидар Костовски, од Бунарџик.

На производителот на најдоброто вино градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски му врачи посебна плакета. Благодарници и пригодни награди тој им додели и на сите учесници во изборот на најдобро домашно приготвено вино.

– Изборот на најдоброто вино, како и во изминатите години го извршија членовите на „Вински витези” од Македонија – Здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура, соопштија од Општина Илинеден.

Професорот Мишо Христовски, од Здружението „Вински витези”, истакна дека имале навистина тешка задача да го одберат најдоброто меѓу сите оние, како што рече, презентирани добри вина.

МИА

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:домашно виноОпштина Илинденсаемсаем на домашно виноСв.Трифун
Претходен напис Тимот на СН Осигурителен брокер АД Битола во Кавадарци го празнува денот на виното и љубовта
Следен напис (ВИДЕО) Спасовски: Владата го реши наследениот проблем со долгот кон лозарите и обезбеди нови повисоки субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?