Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се очекува недостиг на дрвена амбалажа: Украинските пилани напуштени, работниците мобилизирани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се очекува недостиг на дрвена амбалажа: Украинските пилани напуштени, работниците мобилизирани
Агровести

Се очекува недостиг на дрвена амбалажа: Украинските пилани напуштени, работниците мобилизирани

Објавено 08/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија се соочува со уште еден проблем како резултат на војната во Украина. Санкциите што ја ограничуваат трговијата со Русија и Белорусија вклучуваат трговија со дрвена граѓа, која е потребна и за транспорт и за пакување на овошјето и зеленчукот.

Холандската асоцијација на производители на амбалажи и палети (ЕПВ) објави дека очекуваат недостиг на дрва поради развојот на настаните. Холандија увезува огромни количества дрво од Источна Европа и за очекување е дека загубата на овој обем ќе влијае на понудата на производи како палети, гајби и кутии.

Украина е главен снабдувач на оваа суровина за европската и холандската дрвна индустрија, а членовите на ЕПВ имаат блиски контакти во земјата. Пиланите со кои работат се напуштени, а во пристаништата стојат целосно натоварени камиони и контејнери.

Се предвидува дека Скандинавија, Германија и балтичките земји, кои произведуваат дрво, ќе можат да надоместат само мал дел од оваа количина, поради што ќе се појави недостиг.

Транспортот на дрва и дрвена граѓа ќе биде тешко погоден од војната и санкциите. Досегашната практика беше дека се увезувале дрва од Русија и дека натоварените камиони ги носеле потребните суровини, а на враќање камионите се полнеле со стока увезена од таа земја. Поради санкциите тоа веќе не е можно. Друг проблем е што многу возачи од Источна Европа имаат украинско или белоруско државјанство. Со нивната мобилизација во нивните матични земји, тие стануваат недостапни за економијата на ЕУ.

ЕПВ и нејзините членови се загрижени и го следат развојот на настаните. Нивниот совет е клиентите и членовите да одржуваат контакт со нивните добавувачи за да споделуваат информации за залихите, испораките и можните алтернативи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:амбалажагајби
Претходен напис Во јануари од земјава се извезени стоки во вредност над 500 милиони евра
Следен напис Влада: Донесена е Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година вредна 1,3 милијарди денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?