Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се очекува „Ер трактори“ да се вклучат во гаснењето на пожарот на планината Огражден, на границата со Бугарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се очекува „Ер трактори“ да се вклучат во гаснењето на пожарот на планината Огражден, на границата со Бугарија
Агровести

Се очекува „Ер трактори“ да се вклучат во гаснењето на пожарот на планината Огражден, на границата со Бугарија

Објавено 13/07/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарот што избувна пред четири дена на планината
Огражден, над селото Бадилен, на територија на општина Ново Село, на границата со
Бугарија, се уште е активен и покрај напорите за негово гаснење од воздух и земја.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за попладнево најавија дека авионите за гаснење пожари „Ер трактори“ треба се упатат кон пожарот на планината Огражден.

– Се очекува по повлекувањето на двата авиона на Дирекцијата за заштита и
спасување (ДЗС) од планината Серта, заради исполнети 3,5 часа активно летање и дејство, по двочасовна пауза за полнење гориво, но и мини технички преглед, да се упатат за гаснење на пожарот на Огражден, во Општина Ново Село. Во текот на денешниот ден се дејствува и со пожарникари и други сили, но ограничено, поради тешко пристапниот терен, информираа од ЦУК за МИА.

Вчера и завчера пожарот го гаснеа хеликоптери на МВР и АРМ, заедно со 10
пожарникари од ТППЕ Струмица, членови на Ловното друштво „Елен“ од Ново Село и
локалното население.

Според информации од ТППЕ Струмица, пожарот зафатил околу 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Пожарот засега се контролира од бугарската страна на границата, каде теренот е
попристапен. Таму може да се движи теренско противпожарно возило. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БугаријавклучатЕр тракториОгражденпожарот
Претходен напис Кризен штаб на Неготино бара вклучување на војници на АРМ во гаснењето на пожарот на планината Серта
Следен напис Проблематичен откупот на пченица годинава, ниска откупна цена и незадоволство кај земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?