Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се намалуваат ограничувањата за извоз на месо во Аргентина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се намалуваат ограничувањата за извоз на месо во Аргентина
Агровести

Се намалуваат ограничувањата за извоз на месо во Аргентина

Објавено 14/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Аргентина ќе ги олесни ограничувањата за извозот на говедско месо, што ги користеше за да го спречи растот на цените, објави владата минатата недела, по состанокот со здруженијата на месната индустрија.

Инфлацијата во Аргентина достигна неверојатни 50%, а стапката на сиромаштија 40%, па претседателот на левиот центар Алберто Фернандез одлучи да го „заузда“ наглиот пораст на цените на храната со ограничување на извозот на говедско месо. Владата на тој начин го преполови извозот во средината на годината во однос на 2020 година, што предизвика тензии во месниот сектор.

По состанокот со четири водечки земјоделски здруженија, владата во четвртокот рече дека ќе ги укине ограничувањата за извозот на пазарите во развој и ќе овозможи неограничена испорака на месо со најдобар квалитет во Европа и во САД.

Извозот на месо што најмногу го консумираат домашните потрошувачи ќе продолжи да биде ограничен за да се спречат поскапувањата.

Најавата привремено ќе го смири конфликтот со месната индустрија која предложи инфлацијата да се стабилизира со поголема домашна понуда, односно потешки крави.

Комората CICCRA во четвртокот и предложи на Владата постепено да ја зголемува минималната дозволена тежина на кравите во моментот на колењето, со што со текот на времето ќе се зголеми количината на месо за домашна потрошувачка и извоз.

„Така, за две и пол години би го зголемиле производството на месо за 600 илјади тони со истиот сточен фонд што го имаме денес“, велат од комората.

Според сегашните прописи, добитокот во Аргентина мора да тежи најмалку 300 килограми за да биде испратена во кланица. Комората предложи пропишаната минимална тежина да се зголемува на секои шест месеци додека не достигне 400 килограми.

Аргентина е клучен снабдувач на говедско месо во светот, но и водечки производител на соја и пченка. Официјалните податоци покажуваат дека со стадо од 53,5 милиони грла извезле околу 675 илјади тони говедско месо во периодот од јануари до октомври. Дури 73,2% од извозот бил пласиран во Кина, пренесува Ројтерс.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аргентинаговедскомесо
Претходен напис Се замрзнуваат цените и на оризот, тестенините и јајцата
Следен напис Какво време нѐ очекува до крајот на неделата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?