Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се намали производството на јаболка во светот – Полска водечки регион во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се намали производството на јаболка во светот – Полска водечки регион во ЕУ
АгровестиПазари

Се намали производството на јаболка во светот – Полска водечки регион во ЕУ

Објавено 22/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство на САД (USDA) проценува дека глобалното производство на јаболка во периодот 2020/21 година забележа пад од четири проценти и изнесува 76,1 милиони тони, наспроти произведени 79,4 милиони тони во претходната сезона.

Како главни причини ги наведуваат пролетните мразови и студеното време за време на сезоната на цветање во главните производствени региони.

Кина игра водечка улога во глобалната трговија со ова овошје. Но, исто така и таму се очекува пад на производството од 42 на 40 милиони тони, или  за околу пет проценти. Оваа земја, најголемиот дел од јаболката ги извезува во земјите од Југоисточна Азија, како што се Тајланд, Бангладеш, Индонезија и Виетнам.

На западниот брег на САД, овоштарите се соочија со недостиг на работна сила, проблеми со синџирот на снабдување заради пандемијата на коронарниот вирус и неповолни временски услови. Невремето во овоштарниците во Вашингтон и сериозните оштетувања од мраз во делови на државата Мичиген ги намалија очекувањата, а според USDA се предвидува пад од три проценти.

Според нив, производството на чилеански јаболка ќе се зголеми за 46.000 тони и ќе достигне 1,2 милиони тони бидејќи се очекуваат обилни дождови, што ќе ги подобрат приносите.

Производството во Мексико, според нив, опаднало за 80 000 тони, и изнесува 680 000 тони поради неповолните временски услови, додека во Нов Зеланд годинава се очекува реколта од 583 000 тони. Но, таму сè уште е неизвесно поради пандемијата и достапноста на работната сила која врши кастрење, и ретчење на дрвјата како и берба на плодовите.

Понатаму, се очекува пад на руското производство за 240 000 тони, односно вкупното производство ќе дстигне 1,5 милиони тони. Сепак, тоа продолжува да се зголемува затоа што русите засадија дополнителни површини. Во исто време, тие ги отстрануваат старите дрвја и ги заменуваат со нови.

USDA исто така предвидува дека производството во ЕУ ќе порасне приближно за пет проценти и ќе достигне 12,2 милиони тони. Позитивната прогноза, посочуваат тие, е резултат на закрепнувањето во Полска како водечки регион во одгледувањето јаболка во рамките на Унијата, иако и таму годината беше тешка за овој сектор. Мраз, град, недостигот на работна сила како резултат на пандемијата и сушата создадоа големи проблеми.

Во Србија, јаболката се одгледува на околу 28.000 хектари, а годишното производство, во зависност од временските услови и применетите земјоделски техники, е околу 500.000 тони, но минатата година падна за 10 проценти. По неколкумесечна стагнација на извозот, Србија извезе 56.000 тони јаболка по просечна цена од 0,73 евра само во првите три месеци од 2020 година.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:USDAизвозјаболкапроизводство
Претходен напис Се враќа во сила Законот за акцизи, од полноќ бензините поевтини за два денара
Следен напис Тутунарите интензивно ги пријавуваат вишоците, се бара откуп и во сабота
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?