Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат ,,Свети Трифун” 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат ,,Свети Трифун” 
Агровести

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат ,,Свети Трифун” 

Објавено 11/12/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат верскиот празник „Свети Трифун” што е по два месеца и кога традиционално на симболичен начин, вообичаено стартува резидбата на виновите лози во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Се зголемува бројот на лозари што ја извршуваат оваа земјоделска операција во лозовите плантажи. 

– Знаете, овде на овие простори, лозарите со оваа лозарска операција главно почнуваат на 14 февруари, бидејќи “Свети Трифун” се смета за заштитник на производителите на грозје. Но, голем дел од лозарите мораат да брзаат со оваа операција и не можат да го чекаат празникот. Тоа е поради фактот што имаат  големи лозови плантажи и ако го чекаат празникот, нема да стигнат да завршат со резидбата, појаснува  за МИА, Јован Златевски,  претседател на Сојузот на лозарски здруженија, со седиште во Кавадарци. 

Но, брзањето со резидбата од страна на оние кои имаат повеќе лозови насади,  е и поради уште една причина, што е поприсутна во регионот. 

 – Голем  број од сезонските работници кои порано се ангажираа во лозарството, сега се вработени во германската фабрика ,,Дрекслмаер” и тешко се наоѓаат аргати, додава Златевски. 

Тој нагласи и дека сево ова и поради поволните временски услови, што им одат во прилог на лозарите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кројатлозарителозјатаСвети ТрифунТиквешко
Претходен напис Непрофитно здружение на потрошувачи Асутенти: За време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна
Следен напис До четврток претежно стабилно време со магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?