Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се излеа реката Треска, поплави над 150 хектари ниви и ливади во Кичевско- бродскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се излеа реката Треска, поплави над 150 хектари ниви и ливади во Кичевско- бродскиот регион
Агровести

Се излеа реката Треска, поплави над 150 хектари ниви и ливади во Кичевско- бродскиот регион

Објавено 29/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интензивните врнежи од дожд изминатите денови го подигнаа нивото на реката Треска од нулта кота на кота од 130 сантиметри, што придонесе да бидат поплавени голем број ниви и ливади во близина на речното корито.

– Интензивните врнежи од дожд присутни во регионот, до врв го наполнија коритото на река Треска која на неколку места се излеа од своето корито и поплави голем број земјоделски површини, ниви и ливади. Најголемиот дел поплавени површини се наоѓаат помеѓу селата Вранештица и Лисичани. Во овој дел од полето поплавени се над 150 хектари – вели Кемаил Сами од Месната заедница на село Лисичани.

Фото: принтскрин/МИА

Тој посочи дека водостојот на реката Треска од утринава е во благо опаѓање и ако нема нови поинтензивни врнежи од дожд, се очекува до крајот на денот да се повлече во своето корито. Се очекува и од поплавените површини водата да почне да се повлекува ако во наредните неколку дена нема нови излевања на Треска.

Жителите на Лисичани се задоволни што овој пат не е поплавено селското училиште, кое во претходните наврати беше опколено со вода и беше отежнато одвивањето на наставата.

Од РЦУК Македонски Брод потврдија дека нивото на Треска за само 24 часа се подигнало дури 130 сантиметри.

– Врнежите од дожд кои од петокот до ноќеска беа присутни во регионот, придонесоа нивото на реката Треска експресно да порасне од нулта кота колку што беа измерени пред една недела, да се искачи на кота од 130 сантиметри, што е во рамките на граничната вредност за излевање.Токму подигнатото ниво на речното корито поплави повеќе ниви и ливади во регионот на општина Пласница.Ако прогнозите се остварат, тогаш може да очекуваме состојбата да се стабилизира и да нема нови закани од излевање на река Треска, рече Миле Стојкоски, РЦУК Македонски Брод.

Фото: принтскрин/МИА

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:треска
Претходен напис Бензините поевтинуваат за 0,50 денари, цената на дизелот останува иста
Следен напис „Фолксваген“ вработува 50 овци и магариња „спасувачи“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?