Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
Агровести

Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени

Објавено 16/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени.

Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,…

Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата.

Работната група е составена од претставници на министерствата за економија, земјоделство и финансии. Врз основа на симулација ќе ја утврди есенската потрошувачка кошница со 100 производи и дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. 

Стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените. 

Владата најави дека ќе  има и предновогодишна и пролетна кошничка,  со избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината.

-Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски. 

Стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година, како што рече, што претставува навистина добар резултат. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, потенцира премиерот. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:есенскаодлукапониски ценипотрошувачка кошница
Претходен напис Променливо облачно со сончеви периоди
Следен напис Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?