Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се бара начин да им се помогне на сточарите за откупот на јагнето во Малешевијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Се бара начин да им се помогне на сточарите за откупот на јагнето во Малешевијата
Сточарско производство

Се бара начин да им се помогне на сточарите за откупот на јагнето во Малешевијата

Последна измена: 09/04/2020 15:21
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Општина Берово во соработка со Владата и Министерството за земјоделство ќе бара начин да им помогне на сточарите околу откупот на јагнињата кој годинава се одвива со потешкотии и со нереални цени на пазарот. Ова е еден од заклучоците кои произлегоа од седницата на Координативното тело за превенција одржана во Берово. Како дел од мерките за справување со појавата на КОВИД 19 беше донесена и одлука зелениот пазар во Берово да остане затворен за посетители.

– Зелениот пазар засега останува затворен заради природата на пазарот како место во кое се собираат големи групи луѓе, неможноста од имплементација на сите препораки како држење соодветна дистанца, можност за нарушено ниво на хигиена и слично. Во соработка со Владата и Министерството за земјоделство ќе бараме начини за помош на земјоделците со откуп на јагнињата што е во моментот сериозен проблем за беровските сточари, информираа од Координативното тело.

Планирано е и евидентирање на луѓето кои престојуваат во туристичките населби, за да може да се направи структура за нивно снабдување со храна и лекови за престојниот викенд.-На сите граѓани кои имаат потреба од медикаменти (дијабетичари, луѓе болни од срцеви заболувања итн..) и совети од лекари ќе им излеземе во пресрет да го добијат соодветниот третман, без притоа да ги напуштаат своите домови. Ќе определиме економски оператори кои ќе вршат достава нарачана онлајн или по телефон. За таа цел планирано е и вклучување на волонтерите од UNDP во мобилните тимови за достава на храна. Во наредниот период, Координативното тело најавува и засилена контрола дали се следат препораките и мерките изречени од Владата за заштита од КОВИД-19.

MИА

Може да ви се допадне

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
(ВИДЕО) Лазов: Aко итно не се преземат мерки да се зголемат површините со сончоглед, заради малите количини и нерентабилноста ќе престанеме со откуп
(ВИДЕО) Илиевски : Задоволни сме од производството, со напорна и сложна работа, успехот е загарантиран!
Одлука за 50% од јагнињата во кланица – сточарите се жалат: Негативно влијае на бројот на стада
Таг:јагнеконтролаоткуп
Претходен напис Пачешкоски: Важно соопштение за земјоделците од Прилеп
Следен напис Соопштение за земјоделците од Виница во врска со дозволите за движење во полициски час
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?