Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода
Агровести

Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода

Објавено 30/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Системот за наводнување Макарија е саниран, проблемот со оштетување е надминат, земјоделците во Росоман од утре ќе имаат вода, соопштија попладнево од Владата.

– Благодарение на брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, професорите од Градежниот факултет во Скопје, изведувачот како и поддршката од локалната самоуправа, за многу кус период од месец и половина изнајдено е решение за дефектот на системот за наводнување, велат од Владата.

Оттаму посочуваат дека на една од минатите владини седници било задолжено Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави Предлог измена на Програмата за водостопанство, со што се обезбедени потребните над 1,3 милиони евра за санација на проблемот.

– Се работи за непристапен терен, за систем за наводнување кој е оставен на забот на времето над 50 години. Со цел да им се надомести штетата, за земјоделците од Росоман и Градско, предвидено е обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија, се наведува во соопштението.

Земјоделците деновиве треба да се пријават во општинските комисии за проценка на штети од сушата и неостварените приноси, а потоа врз основа на тие податоци, Владата ќе донесе одлука за обештетување.

Од Владата потсетуваат дека земјоделците од Росоман навреме ги добиле субвенциите, односно 290 милиони денари, во еден ден биле префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство.

– Оваа година за прв пат започнува авансната исплата на субвенциите, со што производителите на праски до крај на годината ќе добијат уште една финансиска поддршка од 12.000 денари по хектар како дел од новиот модел на брза и ефикасна исплата на субвенциите. Наместо во 2024 година овие пари земјоделците ќе ги добијат до крајот на 2023 година, се вели во соопштението и се додава дека во најскоро време, ќе се дистрибуираат и картичките за зелена нафта како дополнителна поддршка при што производителите на праски добиваат околу 6.000 денари по хектар финансиска поддршка за зелена нафта.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис МЗШВ: Известување до земјоделците од овчеполието
Следен напис Денес времето ќе е променливо облачно со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?