Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Самовилскиот мед –вистинско течно богатство, достигнува цена од 5000 евра за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Самовилскиот мед –вистинско течно богатство, достигнува цена од 5000 евра за килограм
Магазин

Самовилскиот мед –вистинско течно богатство, достигнува цена од 5000 евра за килограм

Објавено 07/02/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Самовилскиот  мед или нектарот на боговите, како што некои  го нарекуваат, е многу редок мед. Всушност се работи за 18 килограми  мед, пронајден  во 2009 од страна на турскиот локален пчелар Ѓунеј Ѓундуз,  и тоа  во пештера дабока 1800 метри во долината Сариџаир во областа Артвин на крајниот североисток на Турција.

Самовилскиот мед или  Peri Bali како што го викаат во Турција  всушност е најскапиот мед во светот . Неговата цена денес е 5000 евра за  еден килограм.

Семејството на Ѓунај Ѓундус веќе три генерации се занимава со пчеларство. Тој раскажува дека во 2009 година забележале дека има пчели на влезот од пештерата, а потоа сватиле дека можеби во пештерата има мед.

„Со проучување на пештерата длабока 1800 метри, претпоставивме дека во неа би можело да има мед. На карпите,  во пештерата во која се спуштивме со јажиња доги 500 метри со помош на професионални планинари ,  пронајдовме 18 килограми мед. Потоа, за да го испитаме составот на  медот го испративме на анализа во лабораторијата CETAM  во Франција, која всушност е една од најпрестижните институции кога станува збор за анлиза на мед. Анализата покажа дека медот на  кој настанал карпите  без кошници, е многу поинаков од обичниот мед поради бодатството на минерали кои ги содржи.“-објаснил Ѓунај за агенцијата Анадолија.

Првиот килограм од овој мед бил продаден во 2009 година на француската берза за мед за неверојатни 45.000 евра. Една година подоцна, еден килограм мед им беше продаден на фармацевти од Кина за цена од 25.000 евра. Во 2015 година цената на овој мед во Турција била 5000 евра за еден  килограм.

Според пчеларот Ѓунај Ѓундуз, бидејќи се работи високовалитетен мед,  кој 7 години бил во пештера длабока 1800 метри и е направен на сосема природен начин на карпи богати со минерали, цената е само привидно висока.

„ Медот е произведен на природен начин и без кошници. Ова е област која е богата со ендемски лековити растенија. Сето тоа вијае на неговата цена“- објаснил Ѓундуз

Овој мед повеќе се користи како лек и тоа за најтешките болести, отколку како прехрамбен производ. Се продава во шишенца од по 170 и 250 грама.  

Ѓундус уште потенцирал дека Турскиот мед  е еден од најквалитетните во светот, но како и во други земји, угледот му е нарушен со појавата на вештачки имитации. Вистинскиот мед може да се тестира само во лабораторија што е сосема неизводливо за потрошувачите. Затоа тие треба да водат сметка од кого купуваат. „Денешната цена на медот не може да биде помала од 15 Евра“- истакнал пчеларот.

Може да ви се допадне

Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Шарени ражничи
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Таг:Најскапиот во светотСамовилски мед
Претходен напис Во земјава нема африканска свинска чума, тврди АХВ по вчерашниот прв случај на болеста и во Грција
Следен напис Повик до невработени: По 9.000 денари месечно ако се вклучите во мерката “Практикантство“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?