Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Само два отсто од краварските фарми продуцираат хигиенски исправно млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Само два отсто од краварските фарми продуцираат хигиенски исправно млеко
Сточарско производство

Само два отсто од краварските фарми продуцираат хигиенски исправно млеко

Објавено 23/10/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Само два отстоили 112од 5.747 краварски фарми во земјава го исполнуваат критериумот за хигиена на млеко, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Во втора категорија спаѓаат 3.600 фарми, а во трета 1.450, покажала категоризацијата која треба да заврши до крајот на овој месец.

– Не очекуваме какви било промени во однос на сегашните резултати, истакна Атанасов на средба со новинарите и укажа дека свежо млеко можат да продаваат само фармите од прва категорија, а оние од втора и трета мора да го преработуваат  во сирења и кашкавали.

Сепак, нагласи, недостиг на свежо млеко не се очекува, зашто во прва категорија спаѓаат најголемите капацитети.

-Прва категорија фарми подразбира продукција на млеко согласно европските стандарди, втора значи недоволно хигиена при манипулацијата со млекото до негово предавање на откупувачите (појава на бактерии повеќе од дозволеното при молзење или поради нечисти штали), додека трета категорија се оние фарми во кои има дури и заболени животни, а и не се внимава на благосостојбата, објасни директорот.

За надминување на ваквата состојба, АХВ ќе предложи до Владата да се обезбедат дополнителни стимулации за производителите кои предаваат првокласно млеко, како и продолжување на едукацијата на фармерите.

-До Владата ќе предложиме и да се забрза постапката за регулирање на статусот на земјиштето на краварските фарми од трета категорија, што е исто така сериозен проблем и влијае врз квалитетот на производството, истакна Атанасов.

Може да ви се допадне

Скопски Водовод: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет
Регионален настан во Лозово за едукација и вмрежување на занаетчиите и граѓанските здруженија
АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Напредни техники за одгледување бадеми и органско производство
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Таг:атанасоведукацијазоранквалитетмлекосточари
Претходен напис Органското производство има иднина, потребни сигурен пласман и повисоки цени
Следен напис Откупот на пиперката без проблем, се пласира на европските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?