Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Самарџиоски: За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, правниот и здравствениот систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Самарџиоски: За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, правниот и здравствениот систем
Агровести

Самарџиоски: За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, правниот и здравствениот систем

Објавено 27/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска пиварница“, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески истакна неколку клучни проблеми кои влијаат врз македонската економија и кои ја ставаат во нерамноправна позиција во однос на други држави. Според Самарџиоски, три основни сегменти треба да бидат поставени како стратешки приоритети на секоја земја која сака да постигне економски напредок: образованието, правниот систем и здравствениот систем.

„Трите најважни сегменти кои треба да бидат поставени како основа за напредок на државата се: образованието, правниот систем и здравствениот систем. Ако ги немаш поставено тие три сегменти како што треба, на краток рок нема да се постигне значителен напредок“, изјави Самарџиоски, додавајќи дека ако овие системи не функционираат како што треба, ќе има недостиг од кадар, здравствена грижа  и ефикасност, што ќе влијае врз целокупниот напредок на државата.

Тој во продолжение ја изнесе загриженоста за неконкурентната и неподготвена работна сила во земјава, која, меѓу другото, е резултат на несоодветниот образовен систем. Самарџиоски го потенцираше значењето на стратегијата и на континуитетот, напоменувајќи дека краткорочните решенија и промените на стратегиите на секои две години не водат никаде.

„Доаѓаат странски инвеститори кои бараат подготвен кадар, а ние немаме таков кадар, ниту ќе имаме допрва бидејќи направивме попара во образовниот систем. Немавме национална стратегија за образованието и се доведовме до тоа да вработуваме кадар со диплома кој почнува да учи од нула кога ќе дојде во фирмите“, објасни Самарџиоски.

Во подкастот Самарџиоски открива детали и за личниот живот. Зборува и за аманетите кои му ги оставил неговиот татко, за школувањето во странство, за хобито, за водењето на бизнисот и за интересот за патување.

Покрај професионалниот ангажман со Пиварницата, Самаџиоски членува или е претседател на повеќе тела и одбори: претседател на Индустриската стопанска комора како дел од Македонската стопанска комора; потпретседател на Економскиот совет на Општина Прилеп; член на Второстепената државна комисија за справување со поплаки од ДИК, Македонија; член на Контролниот комитет на „Пакомак“ (компанија за управување со амбалажен отпад) и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:државатаздравствениот системобразованиетоправниотСамарџиоски
Претходен напис Температурата утрово над нулата освен во Берово, Битола и Прилеп
Следен напис Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?