Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем на занаетчии на тетовската улица „Радован Цониќ“, која во иднина ќе биде и дневна пешачка зона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Саем на занаетчии на тетовската улица „Радован Цониќ“, која во иднина ќе биде и дневна пешачка зона
Агровести

Саем на занаетчии на тетовската улица „Радован Цониќ“, која во иднина ќе биде и дневна пешачка зона

Последна измена: 21/11/2024 14:53
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Дел од улицата „Радован Цониќ“ во Тетово позната како „Улица на бутиците“, од зад Основен суд до Музеј на тетовски крај (Меморијален музеј на народен херој Ѓоце Стојчевски-Амбарче) во Горна Чаршија, која е во фаза на реконструкција во иднина ќе биде пешачка зона и нема да се дозволува сообраќај во текот на денот, најави градоначалникот Биљал Касами на денешната промотивна активност. 

Дел од улицата веќе е реконструирана, па наместо бетонски плочки е поставена калдрма, канделабри, како и нови клупи за седење, жардиниери посадени се нови дрвја и слично.

-Овде ќе биде блокирано во текот на денот и ќе биде промовирање на првата улица, односно концепт каде ќе во текот на денот ќе биде дозволено само за пешаците. Во ноќните часови сигурно дека луѓето од куќите кои се во оваа улица ќе имаат пристап до нивните домови, изјави Биљал Касами.

Реконструкцијата на улицата е дел од проект за кој Општина Тетово заедно со Општина Призрен од Косово има добиено средства за прекугранична соработка од Европската Унија. Освен инфраструктурната интервенција на улицата, во рамки на проектот ќе се прават активности насочени за оживување на занаетчиството и градење култура за развој на заеднички туризам. Затоа денеска таму се одржа промотивна активност Саемот на занаетчиство и развој на туризмот.

-Се работи за занаетчии од два града, значи Тетово и Призрен за кои е реализиран овој проект. Поважно од тоа е враќањето на идентитетот на оваа улица и тоа го покажува нашиот интерес и определба во иднина да работиме повеќе, да ги вратиме нашите елементи од минатото кои беа идентитетот на нашиот град. Во последните 30 години со неконтролираното градење во Тетово се изгуби тоа што ни беше знак на запознавање за Тетово, рече Касами.

Тој најави дека двете општини понатаму ќе се пријават и за друг проект кој се однесува на поврзување на двата града. 

МИА

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:занаетчииСаемтетовската улица
Претходен напис Земјоделски инспекторат: Откупени се 18 тони и 362 килограми тутун по просечна цена од  368 денари
Следен напис Просечната нето плата во септември 41.585 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?