Во изминатиот период се покажа дека Корона вирусот најчесто ги напаѓа луѓето со намален имунитет. Стресот е еден од главните причини за намалување на нашиот имунитет.
Рузмаринот е растение кое може и тоа како да го зајакнеме имунитетеот. Кога ќе се спомне рузмарин многумина ги асоцира на летување на море или на свадба, бидејќи некогаш било обичај на сватовите да им се става рузмарин на реверот.
Ова растение, најмногу го има во медитеранските краеви но може да се одгледува и кај нас. Има форма на грмушка чии листови се како иглички додека цветовите се со светло сина боја. Протријте ги листовите и ќе почувствувате интензивен мирис додека вкусот на лисјата е горчлив и тежок. Често се користи во кулинарството, како зачин за месо или зеленчук.
Како да засадите рузмарин?
Семето од рузмарин потешко никнува. После долго време можете да очекувате мали растенија во градината. Многу полесно е да го размножете со резници. Отсечете на 8 см должина од младите гранки во доцна пролет. Резницата ставете ја во компост кој претходно сте го ставиле во саксија. Саксијата ставете ја во плитка чинија со вода и компостот ќе биде постојано влажен и ќе овозможи резницата да пушти корења.

Покријте ја резницата рузмарин со пластично шише пресечено на половина кое мора да биде проѕирно. Оставете го така околу два месеци , а потоа пресдете го на место каде што има сонце и ќе можете да уживате неговиот прекрасен мирис цело лето. Рузмаринот бара земја која има добра дренажа. Поднесува мраз, но подобро е во текот на зимата да се смести покрај некој јужен ѕид за да го грее зимското сонце.
Кога садите рузмарин внимателно одберете место за садење бидејќи тој е повеќегодишно растение и не треба да го преместувате.
Кога ќе се разлиста можете да ги берете лисјата (не претерувајте бидејќи тие вршат фотоситеза и го хранат ратсението). Рузмаринот се суши на студено место и кога ќе се исуши може да се чува во лименки. Сувите гранчиња кои кога ќе се запалат даваат приајтен мирис и најчесто се користат како стапчиња за ражничи. Не е случајно што рузмаринот се додава свинското месо бидејќи помага при варење на мастите.
Извор: Agropress