Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Руското производство на нафта со остар пад, експерти предвидуваат лоши сценарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Руското производство на нафта со остар пад, експерти предвидуваат лоши сценарија
Агровести

Руското производство на нафта со остар пад, експерти предвидуваат лоши сценарија

Објавено 06/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на нафта во Русија бележи остар пад. Во март, производството е намалено за половина милион барели дневно, а до крајот на април, вкупното намалување порасна на милион барели дневно, јави OilPrice.com, главниот светски портал специјализиран за енергетика. Извор на информациите е Бернард Луни, директор на British Petroleum.

– Денес еден милион барели руска нафта се надвор од системот… Сметаме дека ова, веројатно, ќе се удвои овој месец, кога постоечките санкции ќе стапат на сила. Мислам оти не треба да се очекува наскоро да има намалување на цените, изјави Луни за западните медиуми, пренесе Индекс.

Моментално цената за барел нафта се движи околу 110 долари, а може да порасне уште повеќе, доколку Кина се откаже од „нулта-Ковид” политиката и стави крај на „локдаунот”. Досега, нафтата главно беше изземена од санкциите, што Европската Унија ги воведе против Русија, поради војната во Украина. Но, најавите за прекинот на увоз на руските нафта и гас во Европа, ги креваат цените уште повеќе.

– Потенцијално би можеле да видиме загуба над седум милиони барели дневно извоз на руска нафта и други јаглеводороди, како резултат на сегашните и на идните санкции, или на други доброволни акции, тврди генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо.

Тоа не ги предомисли лидерите на ЕУ, да објават планови за постепен прекин на увозот на нафта од Русија, веќе до крајот на годината. Тешко дека алтернативните извори ќе бидат доволни да ја надоместат нафтата од Русија, бидејќи Европа со децении градеше инфраструктура кон таа земја и создаде зависност од нејзините енергенси, пишува медиумот.

Според документ на руското Министерство за економија, Русија очекува пад на производството на нафтата за 17 отсто до крајот на годината, во однос на нивото на производство пред војната во Украина. Тоа би бил најголем пад на производството од 1990-те години.

Како што покажуваат информациите во документот, руското производство на нафта може да се намали од 433.8 милиони до 475.3 милиони тони (од 8.68 милиони до 9.5 милиони барели дневно) во 2022 од 524-те милиони тони во 2021 година. Тоа би било најмало ниво на производство од 2003 година.

Тоа е близу два милиони барели дневно, што е слично со предвидувањето на Луни, но и тоа на норвешката енергетска консултантска компанија Rystad Energy.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафта
Претходен напис Сточарите од Битолско ќе користат финансиска помош со електронско пријавување
Следен напис Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?