Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Русија забележа рекордна жетва на пченица од 105 милиони тони и го надмина извозот од 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Русија забележа рекордна жетва на пченица од 105 милиони тони и го надмина извозот од 2021 година
Пазари

Русија забележа рекордна жетва на пченица од 105 милиони тони и го надмина извозот од 2021 година

Објавено 10/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Русија е меѓу првите 5 светски производители на пченица и значаен извозник на тие житарки, а минатата година, без оглед на ситуацијата, нивниот извоз го надминал извозот од 2021 година за 15 отсто. Како што пишува Fastmarkets, причината е затоа што земјата се отворила за нови дестинации.

Иако темпото на извоз по инвазијата на Украина беше многу бавно, тоа беше забрзано со отворањето на коридорот за житарки, а по овогодинешната жетва, од јули до декември, извезле 24,9 милиони тони пченица, што е 3,2 милиони тони повеќе отколку во истиот период минатата година.

Главните пазари останале исти, иако забележале пад во однос на минатата година бидејќи најголемите купувачи купувале помали количини поради повисоките цени. Турција предничи со увезени 4,7 милиони тони, што е за 15 отсто помалку од 2021 година, а потоа следи Иран со 3,5 милиони. тони (-30 %).

Египет ги зголемил количините за 13 отсто, на 3,5 милиони тони.

Од друга страна, повеќе се извезувало во некои земји од Блискиот Исток и Латинска Америка, како што се Саудиска Арабија, Алжир, Пакистан, Бразил и Мексико, а по десет години се продолжени испораките во Ирак.

Покрај сето тоа, Русија забележа рекордна жетва на пченица од 105 милиони тони. Дополнителни милион тони житарки се очекуваат од моментално окупираните украински територии, соопштија официјалните власти од Русија.

Затоа, американското Министерство за земјоделство (USDA) веројатно ќе мора да ја коригира прогнозата за руската пченица за повеќе од 10 милиони тони во претстојниот извештај што се очекува во четврток, 12 јануари, како и глобалното снабдување со тоа жито, наведува Agrarheute. Сето тоа ќе влијае на цените на пазарот.

Цените на руската пченица со содржина на протеини од 12,5% и за итна испорака од пристаништата на Црното Море се се уште непроменети и изнесуваат од 307 до 311 американски долари за тон, велат аналитичарите на Sovecon.

Во 2023 година, руското Министерство за земјоделство предвидува вкупното производство на житарки од 125 до 127 милиони тони, вклучувајќи 80 до 85 милиони тони пченица. Во таа земја планираат да ја зголемат површината под пролетен јачмен за 400.000 хектари и мешунки, што главно се однесува на грашокот, за најмалку 125.000 хектари за да се одржи плодоредот. Се очекува да расте и одгледувањето на соја.

Според министерот за земјоделство Дмитри Патрушев, вкупната површина на сите земјоделски култури ќе се зголеми за околу 50 илјади хектари и ќе надмине 82 милиони хектари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
Таг:пченицарусија
Претходен напис Во Делчево потпишан Договорот за рехабилитација на земјоделскиот пат во Долни Бавчи
Следен напис Николовски: Исплатени се 46.3 милиони денари за 2.000 производители на стратешки житни култури за набавка на вештачко ѓубриво за прихрана на земјоделските површини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?