Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури
Агровести

Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури

Последна измена: 03/04/2025 08:58
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов попладнево објави јавен повик, со кој се повикуваат земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури, што го зафатија регионот пред неколку дена. 

– Општина Росоман ги повикува сите кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода што ја зафати територијата на општина Росоман во периодот од 17 до 20 март 2025 година, да ја пријават штетата на своите насади во просториите на Општината, се вели во јавниот повик. 

Покрај барањето, секој барател на обесштетување, треба да достави копија од лична карта, изјава за веродостојност на податоци, изјава за согласност за користење на лични податоци, трансакциска сметка. Потребен е и доказ за основ на користење на земјиштето за насадите, се мисли на решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, имотен лист, или договор за закуп заверен на нотар. 

Пријавувањето е од утре, до 18 април.

Се напоменува дека во процената нема да се земат во предвид насади што се помлади од три години, како и насади што не се обработуваат. Исто така нема да се врши проценка на насади што се веќе осигурани за 2025 година,  во осигурителни компании.

МИА

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:земјоделски стопанстваМЗШВповикРосоман
Претходен напис Тетовските земјоделци не добија отштета – владина комисија: Образците не беа пополнети како што треба
Следен напис Цени на производите на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје: Домати 80 денари, пиперки 160 денари за килограм
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?