Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата – 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата – 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
Агровести

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата – 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга

Објавено 24/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000 потрошувачи кои во последните две години имале приговори или поплаки во врска со фактури и со нив е почната етапна телефонска комуникација. Ова се дел од сетот на активни мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги презеде операторот на електро-дистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.

Во пресрет на зимските месеци, на иницијатива на РКЕ се одржа координативен состанок со Електродистрибуција ДООЕЛ, каде првите луѓе на компанијата реферираа за преземените мерки со цел подобрување на услугата и воспоставување на двонасочна комуникација со потрошувачот, а се со цел јакнење на довербата, транспарентноста и отчетноста.

Како што се наведува во соопштението од РКЕ, регулаторите напоменале дека клучно е во првите недели од јануари да продолжи редовното отчитување, за што од Електродистрибуција информираа дека имајќи го во предвид овогодинешното искуство со поплаките за претстојните празници се организирани во вонредни екипи кои и за време на празниците и викендите ќе вршат отчитување се со цел потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не прогнозирана потрошувачка.

Од Електродистрибуција ДООЕЛ информирале дека од 1 декември годинава, проширени се дигиталните опции за потрошувачите и е ставена во функција новата услуга за онлајн корекција на фактура, мобилизирани се вработените да им помогнат на потрошувачите во креирање на кориснички профил.

Во исто време достапни се и останатите претходно воведени дигитални услуги како „Пријави состојба“, „Е-фактура“, и примена на ознака на фактурата со „О“- отчитано или „М“- проценета состојба со што потрошувачите знаат точно дали добиваат сметка со реална потрошувачка, или истата е базирана врз основа на проценета состојба.

Од РКЕ и Електродистрибуција упатија апел до потрошувачите да продолжат со одговорно трошење на електричната енергија и во текот на зимскиот период. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:броилатаотчитувањетоРкеуслуга
Претходен напис Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција
Следен напис МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?