Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рекордна епидемија на птичји грип во Британија и ЕУ – Усмртени околу 48 милиони птици и живина последнава година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рекордна епидемија на птичји грип во Британија и ЕУ – Усмртени околу 48 милиони птици и живина последнава година
Агровести

Рекордна епидемија на птичји грип во Британија и ЕУ – Усмртени околу 48 милиони птици и живина последнава година

Објавено 04/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последнава година во Обединетото Кралство и ЕУ усмртени се околу 48 милиони птици и живина поради најголемата епидемија на птичји грип досега.

Во Британија е откриен 161 случај на HPAI кај живината, што резултирало со усмртување на 3,2 милиони птици. Во 2020/21 година во таа земја се регистрирани 26 случаи. Минатата година во Обединетото Кралство имало 1.727 случаи на птичји грип кај популацијата на дивите птици, и тоа на 406 локации, пишува Би-Би-Си.

Во претходните години вирусот претежно изумираше во текот на летните месеци, но оваа епидемија траеше во текот на целата година и се покажа дека полесно се шири меѓу популациите на птиците. Главната ветеринарка во Велика Британија, Кристин Мидлмис, рече дека високото ниво на болести кај дивите птици доведува до зголемување на случаите на комерцијалните фарми.

„За жал, очекуваме бројот на случаи да продолжи да расте во наредните месеци бидејќи птиците преселници се враќаат во Обединетото кралство“, предупреди таа.

Ричард Грифитс, главен извршен директор на Британскиот совет за живина, рече дека ова е „најпредизвикувачката сезона на птичји грип досега“.

Најновите податоци за птичјиот грип кои ги покриваат Европа и Обединетото Кралство, а кои ја следат епидемијата од октомври 2021 до 9 септември 2022 година, беа објавени вчера од страна на Европската управа за безбедност на храната (EFSA), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и Лабораторијата на ЕУ за птичји грип.

Во извештајот стои дека до 9 септември годинава биле убиени 47,7 милиони птици. Се вели дека вирусот се појавил во 37 земји, ширејќи се од Свалбард до Португалија и на исток до Украина. Сепак, се додава дека бројките би можеле да бидат повисоки во реалноста.

Иако во ЕУ не се регистрирани случаи на пренесување на вирусот на луѓе, еден таков инцидент беше забележан во југозападниот дел на Англија во јануари. Андреа Амон, директор на ECDC, ги предупреди фармерите и оние кои се во контакт со животните на фармата дека сè уште се изложени на „зголемен ризик од изложеност“ и ги повика работодавците да ги подобрат здравствените и безбедносните услови, пренесе Индекс.хр.

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:англијаЕвропска унијаптичји груп
Претходен напис Истражувањата потврдија дека оревите го продолжуваат животот
Следен напис Африканска свинска чума во одгледувалишта во три кумановски села
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?