Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рекорден отстрел на диви свињи последните два викенди во Кичевско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рекорден отстрел на диви свињи последните два викенди во Кичевско
Агровести

Рекорден отстрел на диви свињи последните два викенди во Кичевско

Објавено 31/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Енормниот пораст на бројот на диви свињи во Кичевско, последните два викенди резултира со рекордна бројка на отстрелани диви свињи на две ловечки друштва од општината. Ловечкото друштво од Рабетинска Река пред две недели отстрела осум диви свињи, додека следниот викенд ловечко друштво од Копачијата го надмина овој рекорд и отстрела дури 11 диви свињи од различна возраст и големина.

– Последните две-три години просто сме зачудени од бројноста на дивите свињи во природата, кои ги има во толку голем број што повеќе не се плашат да прошетаат низ селата и среде бел ден, а за штетите врз земјоделските култури што ги направија изминативе две години, не треба ни да зборуваме, бидејќи во повеќе села од Кичевско-пласничкиот регион кај одредени земјоделци штетата беше целосна, а се стравува дека поради зголемениот број во природата, штетите во наредните години да бидат уште поголеми – вели за МИА Даме Петрески, ловџија од Кичевско.

Тој нема одговор од каде за толку кусо време енормно се зголеми бројот на диви свињи во природата, дали тие дошле од други региони или можеби наталитетот последниве години е драстично зголемен.

– Секогаш кога се враќаме од лов оваа и претходната зима, се прашуваме од каде за толку кусо време бројот на диви свињи во природата толку многу да се зголеми. Како резултат на екстремниот пораст е и богатиот улов на диви свињи. Речиси да нема ловечко друштво кое од лов нема да се врати со барем два-три примероци отстрелани диви свињи – додава Петрески, потенцирајќи ги последните два викенди со рекорден отстрел на диви свињи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Диви свињи
Претходен напис (ФОТО) Пропаѓаат старите куќи во историското штипско Ново Село
Следен напис Продажбата на трактори во Европа во 2021 во пораст – Рекордна продажба во Италија, во Швајцарија купуваат поскапи машини, полските земјоделци бараат трактори со помала сила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?