До 13:00 часот денеска се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, четири се под контрола, а три пожари се изгаснати.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума), Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума), Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума), Општина Крива Паланка: с. Осиче, место викано Рамни Камен (борова шума) и Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија).
Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар), Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација), Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар) и Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани (шума).
Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Кичево: над с. Кнежино, м.в. Црн Камен (шумски пожар), Општина Ново Село: над с. Стиник (шума и ниска вегетација) и Општина Карпош: с. Бардовци (ѓубре).
ЦУК
